Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Граѓаните да не се грижат, имаме механизми доколку кризата продолжи, тврди премиерот
    Политика

    Граѓаните да не се грижат, имаме механизми доколку кризата продолжи, тврди премиерот

    12/03/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Што значи дека од соседите, пред се мислам на јужната, западната и северната граница, граѓаните доаѓаат кај нас да точат горива. И кога ќе ги направите анализите за цената на горивото, тогаш доаѓате до заклучок дека ние како држава во моментот имаме најевтино гориво споредено со сите земји во регионот. Денес кога го снимаме ова интервју, дизелот по литар на бензинските пумпи кај нас се точи за 0,39 евра, а кај нашиот западен сосед Албанија е 1,79 евра за литар, кај нашиот северен сосед Србија е 1,73 евра за литар, а кај нашиот јужен сосед Грција е 1,59 евра по литер, додека обичниот дизел, кај нашиот источен сосед Бугарија е повторно поскап од кај нас, но не толку 1,41 евро за литар“, посочи Мицкоски.

    Рече дека Владата води политика на стабилност за разлика од порано кога се чекало да ни се донираат вакцини.

    „Оваа Влада, како што гледате, успева да обезбеди доволно количини и за соседните држави. И затоа се забележуваат највисоки пикови на потрошувачка на нафтените деривати од историјата од кога постои и од кога тоа се мери во државата. Така што, за разлика од порано, кога коленичевме за вакцина и се радувавме и правевме естрада на границата, кога ни носеа 5.000 вакцини, кога македонските граѓани се вакцинираа во соседството бидејќи властите тука не успеаја да обезбедат на време таков тип на вакцина, оваа Влада води поинаква политика, генерира стабилност во регионот и им помага на соседите кога тие се во неволја или кога е потребно. Но, се разбира нашиот примарен приоритет се нашите граѓани. И во овој момент не треба да се грижат“, вели Мицкоски.

    Доколку има потреба, вели премиерот, Владата ќе интервенира, а притоа ќе се користат механизми и алатки коишто ги има на располагање.

    „Ќе користиме алатки коишто ги имаме на располагање, а тоа е да речеме намалување на данокот на додадена вредност, во прв степен. Ако продолжи и понатаму да се зголемува, можеме уште едно намалување. Имаме една ставка од 18, па на 10 проценти може да намалиме, па потоа на 5 проценти. Доколку цената, согласно законот оди над 800 долари по тон, тогаш може да ја намалиме акцизата од 800 до 1.000 долари по тон за еден денар, а од 1.000 до 1.200 долари по тон за два денара. Над тоа и за четири денари акцизата да ја намалиме. Така што имаме механизми коишто ги планираме, доколку сето ова продолжи, но се надеваме дека тоа нема да продолжи“, вели Мицкоски.

    Во однос на минималната плата, Мицкоски рече дека направено е законското усогласување со кое минималната плата се зголемува нешто над 1.600 денари односно би била нешто над 26.000 денари. Го повтори ставот на Владата дека за дополнитено зголемување треба да се договорат синдикатите и работодавачите бидејќи, вели, тоа е бипартитен дијалог.

    „Тоа што поединци во еден од синдикатите се блиски до одредени политички структури и се влезени во тие политички мочуришта, тоа е веќе личен проблем. Јас тука не можам да навлегувам, но стратегијата е јасна. Тоа се вика стратегија помеѓу наковалната и чеканот. Од една страна опозицијата ќе бара носење популистички мерки со кои што ќе се празни буџетот, а од другата страна преку неколкумина прокси кои се дел од раководството на еден од синдикатите ќе бара зголемување на социјалните трошоци. На тој начин тие мислат дека ќе ја притиснат Владата и таа ќе губи кај граѓаните. Но, не мислам дека оваа стратегија е исправна, затоа што ниту едните, ниту другите немаат кредибилитет, затоа што едните беа Влада седум години и во тие седум години единствено нешто што го слушавме за нивната работа е криминалот, корупцијата и предавствата, пред се национални. А овие другите немаат кредибилитет од проста причина, што еден ден излегуваат на прес-конференција со мене и фалат како оваа Влада направила историски чекори, а потоа следниот ден ги гледаме како протестираат против истата таа Влада што ја фалеле на улица и го блокираат сообраќајот…Тоа досега не успеа и мислам дека и понатаму нема да успее“, рече Мицкоски.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Меџити од Брисел: Локалната самоуправа има клучна улога на европскиот пат на државата

    Студентите во реновираните домови ќе плаќаат повеќе, законот за студентски стандард оди по скратена постапка

    Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.