Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми
    Македонија

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на унапредување на заштитата на биолошката разновидност и обнова на деградираните екосистеми со усвојувањето на два клучни регионални документи, Стратешкиот план за биолошка разновидност на Западен Балкан 2030 и Планот за обнова на шумските предели на Западен Балкан. Овие документи, кои се важен чекор во спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан и усогласувањето на регионот со европските и глобалните цели за заштита на природата, беа усвоени на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан што се одржува во Црна Гора.
    Заедно, овие планови претставуваат заеднички патоказ за зачувување на биолошката разновидност, обнова на екосистемите и зајакнување на отпорноста кон климатските промени до 2030 година. Нивните клучни цели вклучуваат заштита на најмалку 30% од копнените, слатководните, морските и крајбрежните подрачја,
    обнова на најмалку 20% од деградираните екосистеми, запирање на загубата на видови и унапредување на еколошката поврзаност низ целиот регион.
    Стратешкиот план за биолошка разновидност на Западен Балкан до 2030 година ги усогласува регионалните приоритети со глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал и Стратегијата на ЕУ за биолошка разновидност до 2030 година. Планот е насочен кон зајакнување на мрежата на заштитени подрачја, унапредување на следењето на состојбата и собирањето податоци за биолошката разновидност,
    како и кон вклучување на заштитата на природата во политиките и практиките на секторите како што се земјоделството, шумарството, енергетиката, управувањето со водите и развојот на инфраструктурата.
    Планот за обнова на шумските предели на Западен Балкан, пак, промовира сеопфатен пристап кон обновата на природата, кој го поврзува зачувувањето на биолошката разновидност со одржливото стопанисување со шумите, приспособувањето кон климатските промени, заштитата на почвата и водните ресурси, како и намалувањето на ризикот од природни непогоди. Таквиот пристап придонесува кон долгорочната
    отпорност на екосистемите и локалните заедници низ целиот регион.
    „Природата не познава граници, па затоа граници не може да има ниту нашиот одговор на загубата на биолошката разновидност и деградацијата на екосистемите. Со усвојувањето на Стратешкиот план за биолошка разновидност до 2030 година и Планот за обнова на шумските предели, Западен Балкан покажува заедничка посветеност на усогласено дејствување во областа на заштитата на природата. IUCN го очекува продолжувањето на соработката со владите, Советот за регионална соработка (RCC) и партнерите, со цел овие регионални обврски да ги преточиме во конкретни мерки за заштита и обнова на природата на терен“, истакна Оливер Аврамоски, директор на Регионалната канцеларија на ИУЦНIUCN за Источна Европа и
    Централна Азија.
    Двата документи претставуваат клучни инструменти за спроведување на Поглавје 5 од Зелената агенда за Западен Балкан: Заштита на природата и биолошката разновидност. Преку нив, меѓународните и европските обврски се преточуваат во конкретни регионални мерки и активности. Усвојувањето на овие планови претставува значаен чекор кон посилна регионална соработка и заедничко справување со предизвиците поврзани со загубата на биолошката разновидност, деградацијата на екосистемите и климатските промени. За нивната успешна примена ќе биде потребна долгорочна посветеност на владите, научната заедница, организациите на граѓанското општество и меѓународните партнери, заедно со поголеми инвестиции за зачувување, обнова и одржливо управување со природните ресурси.
    Со новата регионална рамка се поставуваат темелите за усогласено дејствување на земјите од Западен Балкан, со цел зачуваната и обновената природа да придонесе за одржлив развој, отпорност кон климатските промени и подобар квалитет на живот на граѓаните.

    Поврзани вести

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Куп на Македонија: Шкендија и Тиквеш во битка за 1/4 финале!

    This Week in Houston Food Blogs: High-Protein Recipes and Low Fat Shakes

    Администрација на ПМФ во Нови Сад: Деканот го спречи влезот на полицијата, им кажа од мегафонот дека не се поканети

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.