Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија
    Македонија

    АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија

    01/10/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Агенцијата за национална безбедност денеска соопшти дека заедно со Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство презема активности против пропагандна мрежа во земјава која има „деструктивна и малициозна агенда“ и влијае врз јавниот дискурс во корист на странски, поточно Руски интереси.

    Според АНБ, пред две седмици, на 18 септември годинава биле преземени истражни дејствија против македонски државјанин кој бил „надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор“. АНБ не го соопштува неговиот идентитет.

    Во неговиот дом бил извршен претрес и биле одземени предмети кои се вештачат. Според Агенцијата, постои основано сомнение за три кривични дела: „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ од член 319, „Одавање службена тајна“ од член 360 и „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од член 394-г од Кривичниот законик.

    Во соопштението од Агенцијата се тврди дека „вистинските актери“ зад мрежата се прикриваат преку клонирани псевдопортали регистрирани со македонски интернет-домени и дека целата операција е „во функција на руските интереси“.

    „Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост“, соопшти АНБ.

    Како што додаваат оттаму, овие активности се продолжение на „претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем по член 394-г од КЗ“.

    Агенцијата во соопштението потенцира дека во рамки на нивните надлежности ќе продолжат да преземаат активности за „детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава“.

    Македонските медиуими (360 степени, Фокус, Телма) и претходно пишуваа за случаи за ширење пропаганда под странско влијание во кои главна улова имаше бугарската Фондација Македонија и нејзиниот претседател Виктор Стојанов, кој сега е персона нон-грата во земјава.

    Од Фондацијата подоцна не криеја дека финансиски поддржуваат медиуми во Македонија. Во соопштение објавено на букарската агенција bta.bg во јули годинава, Стојанов реагираше на информациите дека македонските институции истражуваат околу дваесет онлајн медиуми и комуникациски канали.

    Според него, станува збор за „лажни истраги насочени против независните граѓански медиуми во Северна Македонија, чија цел е да ѝ овозможат на владата незаконски да ги апси и кривично да ги гони нивните уредници и новинари“.

    „Целта на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е да поттикне говор на омраза против Бугарија и да ги разгори тензиите меѓу двете општества преку насилно затворање на единствените слободни, граѓански медиуми во земјата“, се додава во тоа соопштение на Стојанов.

    Во август годинава, неделникот Фокус објави дека АНБ и МВР  истражуваат мрежа од дваесетина медиуми и комуникациски канали, меѓу кои покрај онлајн-медиуми, има и јутјуб-канали, фејсбук групи и инстаграм-профили каде што преовладуваат пробугарски и антимакедонски содржини. Во написот на Фокус се вели дека Стојанов и јавно говорел и за собирање средства за финансирање медиуми во Македонија и за политичко организирање на Бугарите во земјава.

    Претходно, на 4 март годинава, АНБ соопшти дека открила „субверзивно-пропагандни активности“ на домашни и странски недржавни актери и поднела кривична пријава заедно со МВР и ОЈО. Според тогашното соопштение на Агенцијата, „лицата опфатени во кривичната пријава преку печатење и дистрибуција на пропаганден материјал планирале да поттикнат омраза кон македонската држава и идентитет и предизвикување на тензии, а преку социјалната мрежа Facebook, на страната „Историски податоци за Македонија“ споделувале содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација“.

    АНБ тогаш тврдеше дека активностите биле координирани и насочувани од бугарски државјанин кој користел и „бот мрежа на информативни портали“ за поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство меѓу македонските и бугарските граѓани.

    Според АНБ, тој дејствувал од позиција на недржавен прокси актер во функција на хибридно поткопување на стратешките евро-интегративни процеси на Македонија и загрозување на европската безбедност.

    Името на овој граѓанин ниту тогаш не беше официјално соопштено, но повеќе медиуми неофицијално го посочија токму Стојанов иако тоа никогаш не беше потврдено од страна на Обвинителството.

    Она што е карактеристично е што Агенцијата за национална безбедност за прв пат зборува за активности кои се „во функција на руските интереси“, како и за портали „надоврзани на регионални проруски политички структури“.

    Но, јавно не се соопштени детали дали постои и каква е врската меѓу Фондацијата Македонија и руската држава.

    И покрај тоа, постоењето на директна руска дигитална пропагандна инфраструктура насочена кон Македонија е добро документирано.

    Станува збор за мрежата „Правда“, позната и како „Портал Комбат“, која според француската служба Вигинум, е голема координирана мрежа од веб-страници што масовно преземаат и преведуваат содржини од руски државни медиуми, проруски телеграм-канали и други извори.

    Истражување објавено од „Вистиномер“ и Antidisinfo.net утврди дека мрежата има посебна инфраструктура за Северна Македонија, вклучително и поддоменот north-macedonia.news-pravda.com и телеграм-каналот t.me/pravdamkcom.

    Истражувањето на Фондацијата Метаморфозис за ефектот на дезинформациите и странските влијанија покажува дека перцепцијата за присуството на извори и ентитети што промовираат руски интереси во земјава значително пораснала: од 17 отсто од испитаниците во 2023 на 29 отсто во 2025 година.

    Поврзани вести

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Тие едноставно одлучуваат да си одат: Три причини зошто мажите раскинуваат

    Се затвора РСЕ на македонски јазик

    Во македонскиот КИЦ во Загреб отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.