Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски очекува цената на бензинот и дизелот да се намали за 1,5 денари за литар
    Македонија

    Мицкоски очекува цената на бензинот и дизелот да се намали за 1,5 денари за литар

    19/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува Регулаторна комисија за енергетика утре да донесе одлука со која ќе се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар. Тој информира дека ќе остане во сила и договорот со ОКТА, за попуст до крајот на април на бензините за 2 денари по литар, а за дизел горивото 3 денари по литар, со што земјава и понатаму ќе има најниски цени на горивата во регионот.

    „Во периодот што го минуваме најголемиот дел од активностите ги посветуваме на надминување на ценовната криза на горивата, што е значаен инпут и има влијание врз цените на производите важни за граѓаните. Се наоѓаме во период на изразена глобална неизвесност. Ценовните шокови на енергенсите се последица на геополитичките случувања, особено кризите на Блискиот Исток и нарушувањата на светските пазари. Во вакви услови, одговорноста на секоја влада е навремено да реагира и да ги амортизира последиците врз граѓаните и економијата. Според последните анализи на европско ниво, според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои промениле најмногу работи и примениле највеќе мерки за справување со ценовните шокови“, рече Мицкоски.

    Тој посочи дека политиките се во целосна линија со светските трендови и кога има ценовно корегирање на светските берзи владата исто така реагира со ДДВ-то и акцизата. Паралелно со овие мерки, Мицкоски информира дека се работи и на зајакнување на домашната економија, зголемување на конкурентноста и создавање на услови за долгорочен раст.

    Владата на последната седница донесе одлука ДДВ за дизел горивото да се врати на 18 отсто, што Мицкоски го образложи со актуелните цени на берзите, според кои и со оваа мерка цената ќе се намали. ДДВ од 10 отсто останува да важи за бензините уште две недели, бидејќи за нив берзите не бележат намалувања. Намалувањата на акцизата за дизелот ќе биде четири денари за литар, додека кај бензините ќе биде два денари за литар.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    Меси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!

    Mакедонска делегација во Париз: Охрид да го зачуваме како еден од најзначајните културно-историски простори

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.