Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Три причини зошто луѓето им се враќаат на своите поранешни партнери

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Тошковски вели дека злоупотребите со боледувањата се огромен проблем и најавува построги контроли
    Македонија

    Тошковски вели дека злоупотребите со боледувањата се огромен проблем и најавува построги контроли

    23/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оцени денес дека бројот на лаќните боледувања во државниот, но и во приватниот сектор е огромен и катастрофален, и дека не е од сега, туку практично а така од независноста. Неговата изјава доаѓа во период кога Фондот за здравствено осигурување подготви построги правила и најави дека ќе се проверуваат дома тие што боледуваат. Тошкоски сепак беше сигурен дека човековите права на пациентите ќе се почуитуваат од страна на сите институции, но беше јасен дека Владата има намера да им стави крај на ваквите практики на неработниците кои, според него, „кога ќе им текне, си земаат боледувања“. Тој не објави нови бројки за обемот на злоупотребите во целата држава, ниту детали за конкретни нови полициски истраги.

    МВР, инаку, има директно искуство со проблемот. По барање на Министерството, ФЗО во втората половина на 2025 година контролираше 80 вработени во полицијата кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Неправилности биле утврдени кај 29 лица, односно кај речиси 37 проценти од контролираните вработени. Од вкупно 514 проверени боледувања, 100 биле оценети како неуредно или неправилно издадени – околу 19,5 проценти. Контролата опфатила и 105 приватни здравствени установи, најголем дел ординации по општа медицина.

    ФЗО тогаш објави и примери што укажувале на заобиколување на системот. Во еден случај вработен во период од година и половина четирипати го менувал матичниот лекар, а во друг биле користени последователни боледувања со различни дијагнози.

    Најавите за построги контроли добија ново продолжение овој месец. Директорот на ФЗО Златко Перински најави измени со кои матичниот лекар би можел без дополнителните критериуми да отвора боледување до пет наместо до седум дена, како и поголема електронска евиденција и попрецизни надлежности на лекарските комисии.Меѓу предлозите е и можноста да се врши контрола кај самиот осигуреник додека трае боледувањето, како и заеднички проверки со други институции кога постои сомневање за злоупотреба.

    Мерките, сепак, предизвикаа реакции кај дел од лекарите и синдикатите кои порачаа дека боледувањето не може да се третира како куќен притор. Дел од стручната јавност предупредува дека борбата против злоупотребите не треба да значи отежнато остварување на правото на боледување за пациенти кои навистина не се способни за работа, а забелешки има и за предложеното намалување од седум на пет дена.

    Фондот само во август исплатил 623,1 милиони денари за надоместоци поврзани со боледувања, од кои 414 милиони денари биле за породилни отсуства. Оттаму нагласуваат дека целта на измените е истовремено да се обезбеди редовна исплата за осигурениците кои имаат право на надомест и посилна контрола таму каде што постои ризик од злоупотреба.

    Поврзани вести

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    24/09/2026

    Ниту една држава не е имуна на изборните дезинформации и не може сама да се бори против нив

    23/09/2026

    Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети

    22/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Три причини зошто луѓето им се враќаат на своите поранешни партнери

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    24/09/2026

    (Фото) Бред Пит повторно освојува со опуштен стајлинг

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

    Нов бран случаи на семејно насилство, во еден ден приведени шест лица од повеќе градови низ земјата

    Промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ ќе се одржи на 18 февруари во Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.