Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Магичната Бразилка во златен корсет „ја запали пистата“: Со својот од воодушеви многумина

    19/11/2026

    (Видео) Бремената актерка (52) зазеде став: Им одговори на сите што ја навредуваат поради нејзината одлука да роди дете

    19/11/2026

    Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

    18/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева
    Македонија

    Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

    18/11/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес поради сомневања за злоупотреба на службената положба и неизвршување судска одлука во случајот со Росица Коцева, која беше убиена од поранешниот партнер во септември минатата година. Обвинителството утврдило дека полицајците не постапувале соодветно по нејзините пријави за семејно насилство, не ги спроведувале изречените мерки за заштита и не го известиле надлежниот јавен обвинител за дел од случаите.

    Деветтемина полициски службеници се обвинети за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

    Според обвинението, во периодот од 21 февруари до 15 септември 2025 година, со неизвршување на службените должности, обвинетите потешко ги повредиле правата на Росица Коцева, вклучително и нејзиното уставно загарантирано право на живот, како и правата заштитени со членовите 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права, кои се однесуваат на правото на живот и забраната на нечовечко и понижувачко постапување.

    Од Обвинителството наведуваат дека полициските службеници не постапувале соодветно по пријавите на Коцева за семејно насилство, спротивно на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, како и на правилниците што го уредуваат проценувањето на ризикот од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвите.

    Особено сериозен пропуст, според обвинителството, е тоа што и покрај изречените судски мерки за заштита на Росица, полицајците не постапувале по итните мерки за нејзина заштита.

    Дополнително, дел од обвинетите, иако преземале дејствија по нејзините пријави, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување. Доказите ги чувале во просториите на велешката полиција, без да поведат соодветна постапка.

    Росица Коцева имала повеќемесечна историја на пријавување насилство и вознемирување од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски. Како што Мета.мк известуваше во септември 2025 година, таа со месеци барала институционална заштита, но и покрај пријавите, судските постапки и изречените мерки, не била спречена трагедијата.

    Според претходно објавените информации, Росица на 21 мај 2025 година поднела пријава до Основното јавно обвинителство Велес за неизвршување судска одлука. Во неа навела дека Стефановски продолжил да ѝ испраќа пораки и фотографии и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство изречени во граѓанска постапка.

    Неколку дена претходно, на 18 мај, Стефановски го одзел и го запалил автомобилот на нејзиниот татко. Росица пријавувала и други облици на вознемирување, закани и насилство.

    По пријавата од 21 мај, Основното јавно обвинителство Велес ја испитало Росица и на 26 јуни издало наредби до МВР за обезбедување докази од телефонска комуникација, како и снимки од видеонадзор од четири различни локации.

    На 15 септември 2025 година, Илија Стефановски го убил таткото на Росица, Киро, а потоа и Росица во нивниот дом во Велес. По двојното убиство, тој си го одзел и сопствениот живот.

    Десетина дена по убиствата, на 26 септември 2025 година, Министерството за внатрешни работи соопшти дека спровело внатрешна контрола за постапувањето на полициските службеници од СВР Велес по пријавите на Росица Коцева.

    Иако во најголем дел од случаите било утврдено дека полицијата постапувала согласно законските процедури и дека против Стефановски била поднесена кривична пријава, контролата констатирала дека во дел од претходните случаи не било постапено целосно согласно законските обврски.

    Поради утврдените неправилности, МВР предложило поведување дисциплинска постапка за 11 вработени во СВР Велес, а за наодите било известено и Јавното обвинителство.

    Со денешното обвинение против девет полициски службеници, случајот добива и конкретна кривично-правна разрешница во однос на одговорноста на дел од институционалните службеници кои требало да постапуваат по пријавите на Росица.

    Претходно, прашањето за кривичната одговорност на полицајците беше отворено и во јавноста, особено поради тоа што, и покрај претходно констатираните неправилности од внатрешната контрола на МВР, постапката за утврдување одговорност траеше повеќе од една година.

    Со поднесеното обвинение, сега следува судска постапка во која ќе треба да се утврди индивидуалната одговорност на деветтемина обвинети за пропустите во постапувањето по пријавите и мерките за заштита на Росица Коцева.

    Поврзани вести

    За пет години регистрирани 2.197 новозаболени oд рак на простата, расте и смртноста

    18/11/2026

    АНАЛИЗА: Доспеаните, а неплатени обврски на државата надминаа 700 милиони евра, со најголеми долгови ЈП и државните фирми

    17/11/2026

    Најмладата пациентка со цервикален карцином има само 18 години, лекарите повикуваат родителите да си ги вакцинираат децата

    17/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Магичната Бразилка во златен корсет „ја запали пистата“: Со својот од воодушеви многумина

    19/11/2026

    (Видео) Бремената актерка (52) зазеде став: Им одговори на сите што ја навредуваат поради нејзината одлука да роди дете

    19/11/2026

    Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

    18/11/2026

    За пет години регистрирани 2.197 новозаболени oд рак на простата, расте и смртноста

    18/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Реал го праќа Мастантуоно на едногодишна позајмица

    Санае Такаичи е првата жена премиер во Јапонија

    Бугарскиот амбасадор Радуков контра фондацијата „Македонија“, бара да не се блокираат граничните премини

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.