Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АНБ го одбележа Денот на Агенцијата, најавен Центар за обука на безбедносни кадри
    Македонија

    АНБ го одбележа Денот на Агенцијата, најавен Центар за обука на безбедносни кадри

    01/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што стои во соопштението од АНБ, на свеченоста било истакнато значењето на институционалниот развој на Агенцијата и нејзината улога во современиот систем на национална безбедност, со акцент на придонесот на вработените кои секојдневно работат на заштита на националните интереси, уставниот поредок и безбедноста на граѓаните.

    Директорот на АНБ, Бојан Христовски, во своето обраќање нагласил дека националната безбедност претставува одговорност кон државата, граѓаните и идните генерации, посочувајќи дека најголемата сила на институцијата се нејзините професионалци и нивниот интегритет и посветеност.

    „Националната безбедност не е само институционална обврска. Таа е одговорност кон државата, кон граѓаните и кон генерациите што доаѓаат. Нашата сила се луѓето, професионалците кои својата работа ја извршуваат посветено, дисциплинирано и со висок степен на интегритет, свесни дека голем дел од нивниот придонес никогаш нема да биде јавно видлив. Токму во тоа се состои големината на нивната служба кон државата – истакнал Директорот на Агенцијата за национална безбедност“, Бојан Христовски.

    Во рамки на одбележувањето премиерно бил прикажан документарен филм посветен на историјата и развојот на безбедносната служба, од нејзините почетоци до денешната Агенција за национална безбедност. Филмот, преку архивски материјали и сведоштва од домашни и меѓународни соработници, ги прикажува клучните развојни фази и трансформацијата на институцијата во согласност со современите безбедносни предизвици.

    Христовски ги најави и следните развојни проекти на Агенцијата, меѓу кои и формирање Центар за обука на АНБ, наменет за континуирана едукација, професионално усовршување и подготовка на нови генерации безбедносни кадри.

    „Безбедносните предизвици денес се менуваат со динамика каква што досега не сме познавале. Затоа силна служба не се гради само со технологија и ресурси, туку пред сè со знаење, аналитички капацитет и луѓе кои постојано се развиваат. Центарот за обука треба да биде инвестиција токму во најважниот ресурс – човекот, знаењето и идниот капацитет на македонскиот безбедносен систем“, додал Христовски.

    Според него, во услови на брзо менување на безбедносните предизвици, силна служба се гради пред сè преку знаење, аналитички капацитети и континуиран развој на човечките ресурси.

    На свеченоста било претставено и првото издание на публикацијата „Безбедносна проценка за 2027 година“, стратешки документ на АНБ кој содржи анализа на современото безбедносно опкружување, ризиците и тенденциите што можат да влијаат врз националната безбедност. Од Агенцијата посочуваат дека документот ќе придонесе за зајакнување на стратешката и аналитичката функција на институцијата и за навремено препознавање на современите закани.

    „Одбележувањето на Денот на Агенцијата за национална безбедност испрати јасна порака за континуитет, професионалност и развој, дека заштитата на државата бара силни институции, современи капацитети, стратешка визија и луѓе кои својата професионална должност ја ставаат во служба на националниот интерес. Силна Агенција значи силен безбедносен систем. А силен безбедносен систем е еден од темелите на стабилна и сигурна држава“, пишува во соопштението.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Маневски: Дома или гости, Вардар секогаш оди на победа!

    Иванов: Треба да прифатиме економско интегрирање во ЕУ

    Не смее да биде Шкорпија, пожелно да умее да вози хеликоптер: Милионер (79) нуди богатство за млада сопруга

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.