Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан
    Регион

    Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

    18/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Почина хрватската писателка, колумнистка и блогерка Ведрана Рудан, јави Н1 Хрватска. Таа имаше 76 години.

    Веста беше објавена и на нејзиниот официјален профил со кратка порака дека Рудан „заминала во подрачје без сигнал“. Станува збор за формулација што самата ја употреби во едно од своите последни јавни обраќања зборувајќи за сопствената смрт и за болеста со која се соочуваше.

    Рудан во 2024 година објави дека престанува да го пишува својот блог за да се посвети на лекувањето, откако ѝ бил дијагностициран рак. Подоцна отворено зборуваше дека има агресивен рак на жолчните канали со метастази, како и за лекувањето, хемотерапијата, болката, стравот, но и за луѓето што ѝ помагале во најтешките моменти.

    Во гостување во емисијата „Неделом у 2“ на ХРТ, Рудан рече дека не сака нејзината смрт да се доживее трагично и порача дека сака да биде сфатена како „одење во подрачје без сигнал“. Таа тогаш зборуваше и за тоа дека пишувањето ја одржува жива велејќи дека кога пишува се чувствува жива.

    И покрај болеста, Рудан продолжи да комуницира со јавноста преку својот блог и преку текстови во кои, во својот препознатлив остар стил, пишуваше за болеста, здравствениот систем, семејството, староста, смртта, политиката и општеството.

    Ведрана Рудан е родена во Опатија во 1949 година. Во текот на животот работела како наставничка, преведувачка, новинарка, уредничка и колумнистка, а подоцна стана една од најчитаните авторки во Хрватска и во регионот.

    Книжевно се прослави со романот „Уво, грло, нож“ од 2002 година, кој беше преведен на повеќе јазици и адаптиран за театарски сцени во неколку земји. Меѓу нејзините познати дела се и „Љубов на последен поглед“, „Јас, неверница“, „Црнци во Фиренца“, „Кога жената е курва / кога мажот е педер“, „Страв од плетење“, „Дабогда те мајка родила“, „Костури од округот Медисон“, „Во земјата на крвта и идиотите“, „Амаруши“, „Зошто пцујам“, „Маж во грлото“ и други.

    Нејзиниот прв роман „Уво, грло, нож“ ѝ донесе голема регионална препознатливост. Книгата беше прифатена како жесток, директен и бескомпромисен книжевен глас, а подоцна беше поставувана и на театарски сцени во Хрватска, Србија, Унгарија, Полска и други земји.

    Рудан беше препознатлива по директни ставови за национализмот, патријархатот, женската слобода, сиромаштијата, медиумите, здравството, семејството, сексуалноста и лицемерието во јавниот живот. Нејзиниот стил често предизвикуваше бурни реакции и таа за едни беше вулгарна и провокативна, за други искрена, храбра и неопходна.

    Самата за себе често велеше дека продава приказни, а не себе. Токму таа дистанца меѓу јавниот лик и приватниот живот беше важен дел од нејзиното присуство во јавноста. Иако пишуваше во прво лице, Рудан често нагласуваше дека нејзините текстови и книжевни ликови не треба автоматски да се читаат како нејзина приватна биографија.

    Нејзиниот блог „Како да се умре без стрес“ беше еден од најчитаните блогови на хрватски јазик и место каде што Рудан со години директно комуницираше со читателите. Таму ги објавуваше своите колумни, реакции и лични записи, а токму преку блогот нејзиниот глас стигна до широка публика во целиот регион.

    Во март годинава Н1 Хрватска објави дека Рудан била прва пациентка кај која во КБЦ Риека била применета хипербарична оксигенотерапија за лекување компликации настанати при третман на примарната болест. Тогаш болницата соопшти дека методата успешно помогнала во санирање на здравствените компликации.

    Поврзани вести

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска-Давкова: Сведувањето на Струшките вечери на поезијата на сектор е неразбирање на културата

    (Видео) Мерил Стрип кратко и јасно кажа што мисли за фустанот на нејзината колешка

    Бесплатни онлајн проекции на филмот „Дивиа“ по повод Денот на планетата Земја

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.