Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Зеленски во официјална посета на Србија: Состаноците се завршени, потпишан е Меморандум
    Регион

    Зеленски во официјална посета на Србија: Состаноците се завршени, потпишан е Меморандум

    08/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на Украина Володимир Зеленски и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска одржија средба во Палатата Србија, каде што се одржа состанок помеѓу делегациите на двете земји, пренесува Н1.

    Свечената церемонија започна во 10:30 часот, по што Зеленски разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и делегациите на двете земји. По состанокот, тие се обратија пред медиумите.

    Србија и Украина денеска во Белград потпишаа Меморандум за соработка во областа на здравјето на животните и безбедноста на храната.

    Меморандумот за разбирање меѓу српското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и украинската Државна служба за безбедност на храната и заштита на потрошувачите беше потпишан од страна на српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Драган Гламочиќ и украинскиот амбасадор во Белград, Александар Литвињенко.

    Пред потпишувањето на Меморандумот, претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, одржаа билатерална средба, за која Вучиќ претходно најави дека ќе се разговара за европските интеграции, како и за билатералната економска и енергетска соработка.

    Посетата долго време беше најавувана, а Зеленски дојде во Србија три недели по самитот Украина-Југоисточна Европа во Киев, на кој присуствуваше претседателот Вучиќ, но како единствен учесник не ја потпиша заедничката декларација.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се благодарни што Србија ќе обезбеди нов пакет хуманитарна помош за Украина, особено во областите на здравството и енергетиката.

    Тој истакна и дека напредуваат преговорите за договорот за слободна трговија меѓу Русија и Србија.

    Александар Вучиќ се обидува со посетата на Володимир Зеленски на Белград да испрати порака до Берлин и Брисел, и тоа во пресрет на изборите во Србија, смета Душко Лопандиќ, поранешен дипломат и потпретседател на партијата Србија Центар (СРЦЕ).

    Тој додава дека и овој пресврт, како и секој потег на актуелната власт, е „тактички, краткотраен и лишен од вистинска стратегија“. Сепак, смета дека Вучиќ од својот украински колега би можел да побара и одредена услуга.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со украинскиот колега Володимир Зеленски и потпишувањето на Меморандумот за разбирање во областа на земјоделството, изјави дека значително е зголемено нивото на трговската размена меѓу Србија и Украина, додавајќи дека се надева оти соработката ќе биде уште подобра.

    Александар Вучиќ повтори дека Србија ја поддржува територијалната целовитост на Украина и дека е благодарна што поддршката е заемна. Тој истакна и дека двете земји се поддржуваат меѓусебно на патот кон Европската Унија.

    Поврзани вести

    Уапсен е Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот „Информер“

    25/11/2026

    Ученик пукал во средно училиште во Крагуевац, повредени две лица

    24/11/2026

    Во Босна и Херцеговина децата со Даунов синдром учат безбедно да го користат интернетот преку видеоигра

    23/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мјузиклот „Као какао“ на 2 и 3 јуни премиерно во МНТ

    Муцунски на министерскиoт состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул

    СВР Скопје ја санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.