Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Голема повелба на хуманизмот за г.г. Стефан: МПЦ-ОА продолжува да воспоставува односи и со оние православни цркви со кои има отворени прашања
    Македонија

    Голема повелба на хуманизмот за г.г. Стефан: МПЦ-ОА продолжува да воспоставува односи и со оние православни цркви со кои има отворени прашања

    09/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Заблагодарувајќи се за признанието, архиепископот Стефан пред присутните на церемонијата во Куќата на МАНУ, потсети дека неговото замонашување се случило во 1986 година, на празникот на Свети Наум, за по 40 години признанието да му биде врачено повторно на празник посветен на светителите и просветителите.

    „Никому ништо во живот не му се случува случајно. Да се замонашаш на Свети Наум, а признание да добиеш на Свети Климент и на празникот на Светите Седмочисленици, како што ги именуваме Светите браќа Методиј и Кирил, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, се личности директно основоположници, не само кај нас, туку и кај многу други народи, на хуманоста, а не на човекоубивањето“, рече архиепископот Стефан.

    Тој во оваа прилика го истакна делото на светителите, за кое нагласи дека ја претставува самата суштина на хуманизмот – помагање на другиот и на народите.

    „Нивното дело, нивната активност е всушност хуманизмот, помагање на другиот, помагање на народите“, порача г.г. Стефан.

    Осврнувајќи се на делото на Светите Климент и Наум, архиепископот Стефан нагласи дека иако дејствувале од двете страни на Охридското Езеро, тие секогаш биле поврзани во мислата и во делата.

    „Секогаш со особено почитување говорам и за Свети Наум, и за Свети Климент, каква идеја едниот на оваа, а другиот на онаа страна на езерото, но секогаш заедно и во мислата, и во делата, и додека биле на овој свет, но и потоа продолжиле да бидат хумани, да бидат хуманисти, човеколубиви, а пред се боголубиви“, рече тој.

    Говорејќи за своите четири децении во монашкиот и архиерејскиот живот, архиепископот Стефан потсети дека најпрво бил архиереј на Струмичката, односно Брегалничката епархија, а од 1999 година е архиепископ на Македонската православна црква.

    Тој изрази благодарност до верниот народ и до членовите на Светиот архиерејски синод за, како што рече, постигнатото во изминатите години, особено за обновувањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и воспоставувањето релации со поголемиот дел од православните народи и цркви.

    „Слава на Господа, и ги дочекавме, и ги доживеавме“ , рече архиепископот Стефан.

    Тој изрази надеж дека ќе продолжи процесот на воспоставување односи и со оние православни цркви кои, како што рече, сè уште имаат отворени прашања во однос на името и историјата на Македонската православна црква.

    „Да се надеваме дека ќе го разберат и нашето човеколубие, и нашиот хуманизам, дека ништо против другите не правиме правејќи за себе“, порача архиепископот Стефан.

    Заблагодарувајќи се уште еднаш за Големата повелба на хуманизмот, тој порача дека хуманизмот треба да продолжи да живее со заеднички придонес.

    „Јас уште еднаш ви благодарам за доделената повелба и да продолжи хуманизмот да живее со наша помош, со помош на сите нас“, рече Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

     

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    АВМУ поведе прекршочни постапки против два медиуми заради прекршување на изборниот молк

    Концерти Бах во метро – 29 март Плато пред Млечен ресторан – Младински гудачи квартет „Карпош

    Студентите од дом „Пелагонија“ чекаат исплата, УСС алармира за пропусти во управувањето

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.