Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Собранието денеска ќе расправа за проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ и ќе избира нов уставен судија
    Македонија

    Собранието денеска ќе расправа за проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ и ќе избира нов уставен судија

    29/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На 97. собраниска седница пратениците ќе треба да се произнесат за предлогот за уставен судија да биде избрана судијката од Апелацискиот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска.

    На дневен ред на 119 седница се двата предлог закони за заеми кај Светска банка.

    Основно начело врз основа на кое се заснова предлог законот за изменување на Законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, е откажување на неискористениот дел од заемот во износ од 19,2 милиони евра. Оттука, како што се посочува во предлог-законот, Македонија и Светска банка ќе склучат амандман на Договорот за заем со кој е предвидено откажување на неискористениот дел од заемот во износ од 19,2 милиони евра.

    Целта на предлог на законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за Програмската рамка за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација во Македонија е спроведување на реформи во областа на управувањето со јавните финансии, со цел модернизација на системите за буџетирање, сметководство, надзор на државната помош и администрирање на даноци во согласност со новиот Закон за буџет и Програмата за управувањето со јавните  финансии 2025 – 2028 и Реформска програма на Управата за јавни приходи 2025 – 2028 година – „Транзиција во дигиталниот свет“. Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка изнесува 25 милиони евра со рок на отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон. Заемот ќе се отплаќа во 18 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 15 јануари и 15 јули секоја година.

    Пред пратениците е и предлог на одлуката за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    МНТ со „Ничија земја“ излегува на европската сцена, ќе гостува во Националниот театар во Будимпешта

    Студентите во блокада во Србија утре со нов протест во Белград

    Белата куќа до федералните агенции: Подгответе планови за масовни отпуштања

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.