Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Уставните измени не се гаранција дека нема да се појават нови пречки, уверена е претседателката на Македонија
    Македонија

    Уставните измени не се гаранција дека нема да се појават нови пречки, уверена е претседателката на Македонија

    16/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во интервју за Канал 5, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за истите прашања ќе расправа и Европскиот совет.

    „Тоа се моментите што нам ни се важни за да ги процесуираме чекорите што сепак се можни и се договараат“, истакна претседателката.

    Осврнувајќи се на односите со Бугарија, таа изјави дека по неодамнешните контакти со бугарскиот претседател Румен Радев гледа простор за интензивирање на дијалогот и за барање заеднички решенија.

    „Заклучокот е дека треба многу напор, многу добра волја за да чекориме некако. Треба нешто заедно да инвестираме за да дојдеме до некакво решение“, истакна претседателката Сиљановска -Давкова.

    Таа нагласи дека Бугарија по прашањата кон надвор настапува усогласено, без оглед на политичките разлики.

    „Ние сме тука навистина еден интересен феномен, за разлика од Бугарија која секаде настапува едногласно, дури и кога не е во право“, посочи Сиљановска-Давкова.

    Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, претседателката оцени дека уставните измени сами по себе не претставуваат гаранција дека нема да се појават нови пречки на патот кон Европската Унија.

    Според неа, изворот на потенцијалните идни блокади е Вториот протокол меѓу Скопје и Софија, чии одредби се инкорпорирани во преговарачката рамка и заклучоците на ЕУ.

    „Патот сигурно ќе се отвори за момент, меѓутоа потоа на патот ќе се појави повторно нова препрека. Треба да го анулирате изворот на препреките, а тоа е Протоколот 2“, потенцира Сиљановска-Давкова.

    Таа повтори дека Македонија се залага за решение кое би ја спречило билатерализацијата на евроинтегративниот процес и оцени дека Европската Унија располага со механизми преку кои може да спречи блокади засновани на идентитетски прашања.

    Во интервјуто, претседателката Сиљановска -Давкова посочи дека никој не може да гарантира оти во иднина нема да има ново вето од земја членка, но оти Унијата може да воспостави правила според кои евроинтеграцијата нема да се попречува поради прашања што не се поврзани со критериумите за членство.

    Таа истакна дека земјава останува посветена на реформската агенда и оцени дека е подготвена да го следи темпото на државите кои најбрзо напредуваат кон членство во ЕУ.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Папата Лав на прво патување откако е на функцијата, ќе ги посети Турција и Либан

    Царина поднесе кривична пријава против фирма за нелегални поштенски услуги и криумчарење пратки

    Граѓански организации предупредуваат: Политички изјави го доведуваат во ризик изборот на државен обвинител

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.