Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Ако се најде решение со Бугарија, Македонија многу бргу ќе напредува во ЕУ интеграциите, најави Фон дер Лајен
    Македонија

    Ако се најде решение со Бугарија, Македонија многу бргу ќе напредува во ЕУ интеграциите, најави Фон дер Лајен

    02/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија може да оди многу брзо, доколку се откочат преговорите во спорот со Бугарија, рече денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски. Таа посочи дека земјата веќе докажа дека може да носи храбри одлуки како Преспанскиот договор, а во изминатиот период има направено и внатрешни реформи кои ги оцени како инспиративни.

    Мицкоски информираше дека, по препорака на Фон дер Лајен, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски уште следната недела ќе побара средба со бугарската колешка Велислава Петрова-Чамова, и ќе иницира откочување на процесот. Мицкоски додаде оти очекува во процесот да биде вклучена и ЕУ без да заземе страна, но не одговори дали тоаа барање е прифатено.

    „Секое решение мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната, без простор за нови толкувања и дополнителни барања. Ако од нас се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да очекуваме и јасна европска перспектива за она што следува потоа. Нашата цел не е да го одложуваме процесот, туку да создадеме услови тој конечно да се движи напред на стабилна и одржлива основа“, рече Мицкоски.

    Фон дер Лајен истакна дека Северна Македонија е земја која и припаѓа на ЕУ, а еден чекор ја дели од отворање на првиот кластер.

    „Ние ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата“, рече Фон дер Лајен.

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Москва усвои закони за зајакнување на одбраната од украински напади

    (Фото) Сопругата на Метју Меконахи покажа како тој изгледа без маица на 56 години

    Муцунски за деблокадата на евроинтеграцискиот процес: Нема решение што можеме да го претставиме пред јавноста

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.