Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Муцунски од Софија: На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати
    Регион

    Муцунски од Софија: На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати

    10/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамките на бугарското претседавање со оваа регионална иницијатива.

    Состанокот е посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и се одржува под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.

    Во фокусот на разговорите се европската перспектива на регионот, зајакнувањето на регионалната соработка, безбедноста и отпорноста, како и економскиот развој и конкурентноста во услови на сложени геополитички предизвици.

    Во своето обраќање Муцунски оцени дека ПСЈИЕ останува еден од најважните механизми за политички дијалог и соработка во регионот.

    „ПСЈИЕ останува една од највредните автентични рамки за регионална соработка. Тоа е платформа создадена од регионот, водена од регионот и одржана од уверувањето дека заедничките предизвици бараат заеднички одговори“, посочи Муцунски.

    Зборувајќи за актуелните безбедносни и геополитички предизвици, посочи дека во услови на војна во Европа, хибридни закани, дезинформации, енергетска несигурност и сајбер-напади, европската интеграција и регионалната соработка добиваат уште поголемо значење.

    „Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан“, кажа Муцунски.Ја повтори посветеноста на државата кон членството во

    Европската Унија, оценувајќи дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од почитувањето на преземените обврски, предвидливоста и принципот на заслуги.

    „На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на постојано одложување“, нагласи Муцунски.

    Според него, Македонија останува посветена на развојот на транспортната, енергетската и дигиталната инфраструктура, како и на зајакнувањето на поврзаноста преку Коридорот 8 и Коридорот 10, кои имаат стратешко значење за регионот и европската интеграција.

    Тој посочи дека инвестициите во човечкиот капитал се клучни за долгорочниот развој и конкурентноста.

    „Човечкиот капитал е нашиот најголем ресурс. Без инвестирање во луѓето, ниту еден инфраструктурен проект и ниту една економска реформа не можат да го достигнат својот целосен потенцијал“, вели министерот.

    Муцунски ја истакна и улогата на Советот за регионална соработка во поттикнувањето на економската интеграција, поврзаноста, безбедносната соработка и одржливиот развој во Југоисточна Европа.

    На крајот од обраќањето порача дека иднината на регионот е неразделно поврзана со иднината на Европа, нагласувајќи дека со поддршка од европските партнери и со континуирани реформи, Југоисточна Европа може да биде активен придонесувач кон европската безбедност, просперитет и развој.

    Во рамките на состанокот е усвоена и Заедничка декларација со која се реафирмира поддршката за европската интеграција на регионот, добрососедските односи, демократските вредности и заедничките напори за градење поотпорен и поконкурентен регион.

    ПСЈИЕ е основан во 1996 година во Софија и претставува најстарата регионална платформа за политички дијалог и соработка во Југоисточна Европа. Во изминатите три децении иницијативата даде значаен придонес во зајакнувањето на довербата, стабилноста, поврзаноста и европската перспектива на регионот.

    Поврзани вести

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    МЗТ Скопје против Пелистер ја почнува големата прослава, „Чкембари“ револтирани!

    АХВ: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Турција

    Студен туш за Левандовски: Барселона одлучи да се раздели од две причини

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.