Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сиљановска Давкова – Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи меѓу Македонија и Ерменија
    Македонија

    Сиљановска Давкова – Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи меѓу Македонија и Ерменија

    03/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Препознаваме почеток на ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во: информатичките технологии и дигиталните услуги, земјоделството, прехранбената и фармацевтската индустрија, туризмот, како и секторите базирани на иновации и знаење“, напиша попладнево во објава на Фејсбук претседателката Сиљановска-Давкова.

    Ерменскиот претседател се заблагодари за посетата и учеството на Сиљановска-Давкова на 8.Самит на Европската политичка заедница. Тој истакна дека е голема чест, иако не се земја-членка на Европската Унија, да бидат домаќини на овој настан.

    Во денешната прва билатерална средба двајцата претседатели препознаваат почеток на ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка.

    Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, се заблагодари за гостопримството и организацијата на Самитот, оценувајќи дека Европската политичка заедница постепено се афирмира како значајна платформа за европско единство, дијалог и координација во соочувањето со заедничките предизвици.

    Претседателите се согласија дека визните олеснувања и директните авионски врски би придонеле за унапредување на економската соработка и трговската размена во иднина, коишто се на ниско ниво.

    Областите во коишто препознаваат можности за отпочнување на соработка се: информатичките технологии и дигиталните услуги, земјоделството, прехранбената и фармацевтската индустрија, туризмот, како и секторите базирани на иновации и знаење.

    Тие укажаа на потребата од склучување билатерални договори и поттикнување на директни контакти меѓу бизнис-заедниците, преку организирање бизнис-форуми.

    За Сиљановска-Давкова, за зближување на двата народа особено се важни: културната дипломатија, образовната и академска соработка, како и студентската размена преку програмата Еразмус плус, во којашто обете држави учествуваат.

    Таа ја истакна улогата на ерменската заедница во земјава, којашто е малубројна, но угледна и почитувана.

    Претседателката го поддржа продлабочувањето на соработката на Ерменија со Европската Унија, напорите за усогласување со европските политики и стандарди, како и посветеноста на реформите, особено на владеење на правото.

    Хачатурјан посака успех на македонскиот пат кон ЕУ.

    Двајцата претседатели, како што се наведува во соопштението, упатиле меѓусебни покани за официјални државни посети во иднина.

    Македонската претседателка престојува во работна посета на Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“.

    Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ќе учествува на тркалезната маса „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“, со која ќе претседаваат премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе. Во дискусијата е предвидено учество на премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка и Обединетото Крaлство, сојузниот канцелар на Австрија, генералниот секретар на ОБСЕ, како и на претседателката на Европската комисија. 

     

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Динамо Букурешт е шампионскиот тест за Струмица

    Тројца функционери на Вреди задржани на граничен премин со Албанија

    Балотели размислува за понуда од ОАЕ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.