Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Најголем дел од законите по скратена постапка ги предлагаат пратениците, вели Гаши
    Македонија

    Најголем дел од законите по скратена постапка ги предлагаат пратениците, вели Гаши

    25/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Најчести предлагачи се Владата и пратениците. Пред некој ден разговарав со службите – скоро 90 проценти од законите што ги предлага Владата се веќе во редовна поставка. Тоа е битка што сме ја издвоиле секој ден зборувајќи со министрите, со Владата. Како председател на Собранието барав да присуствувам на една од седниците на Владата, каде им укажав и на премиерот и на сите министри да не ги предлагаат законите во скратена постапка. Им кажав дека работиме редовно, дека често има седници и дека истото временски ќе го добијат со редовната постапка. За жал, сега ни е проблем тоа што самите пратеници ги предлагаат по скратена постапка голем дел од законите“, посочи претседателот на Собранието.

    Вели дека тоа е битка што треба да ја издвојат сите заедно преку политичка култура, со укажавања и заложби.

    „Јас сум против злоупотребата на скратената постапка и тоа сум го кажал уште на првата координација. Сум им укажал и на координаторите и на владините претставници да ги предлагаат законите по редовна постапка. Деловникот за работа дава можност за скратена постапка и ние како Собрание немаме можност да му го забраниме ова право на предлагачот, но може да го надминеме со политичка култура, преку укажаувања“, рече Гаши.

    Во однос на злоупотребата на европското знаменце, Гаши вели дека нема злоупотреба за што потврда се и извештаите на Европската комисија за напредокот на државата.

    „Овој дел е апсолвиран. Во извештаите на Европската комисија е наведено дека нема ниту еден пример на злоупотреба на европското знаме за овие две години“, посочи Гаши.

    Според заменик -министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, Владата внимава законите што ги предлага да одат во редовна постапка, а во однос на европското знаменце вели дека е направен чекор напред и дека во изминатиот период се води сериозна сметка што помалку закони да се предлагаат со европско знаменце.

    „Во изминатиот период се водеше сериозна сметка да има што помалку закони со европско знаменце кои немаат втемеленост со европската легислатива, затоа што идејата на носење на закони со европско знаменце е тие да се усогласат со европските регулативи. Во однос на брзата постапка морам да кажам дека во Владата во последно време има една сериозна дисциплина и опомени од страна на премиерот и вицепремиерите кои ги предупредуваат министрите да не поднесуваат закони по брза постапка“, истакна Димитровски.

    Пратеничката Фани Каранфиловска од СДСМ не се согласува со ваквиот став посочувајќи дека се уште има закони кои одат по скратена, наместо по редовна постапка.

    „Ако ги водиме законските решенија по скратена постапка, ги оновозможуваме сите заинтересирани страни, не само невладени организации, туку и експертите и граѓаните да имаат збор во процесот на носење на законите. Така што мислам дека во интерес на граѓаните и во интерес на заштита на нивните права многу е важно, особено за клучните закони, да одат по редовна постапка и да има јавни расправи со вклучување на граѓаните уште во фазата на изготвување на законот“, рече Каранфиловска.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    СДСМ избра нови членови на Централниот и на Извршниот одбор

    (Фото/Видео) Облините на Ријана повторно во центарот на вниманието

    Во Европа наскоро доаѓаат онлајн проверки на возраст за заштита на децата на интернет

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.