Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кривична пријава против премиерот Мицкоски, СДСМ бара итна реакција од Обвинителството
    Македонија

    Кривична пријава против премиерот Мицкоски, СДСМ бара итна реакција од Обвинителството

    17/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) поднесе кривична пријава против премиерот на Владата, Христијан Мицкоски за злоупотреба на службената должност, загрозување на сигурност, како и за повреда на рамноправноста на граѓаните. Од партијата тврдат дека неговите изјави во кои наведува дека очекува можни постапки против поранешни функционери од СДСМ, претставуваат обид за политички притисок врз опозицијата.

    „Христијан Мицкоски повеќе не се крие, тој е обвинител, судија кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците. Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија. Неговото „имам чувство“ го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

    Фото: СДСМ

    Според Димитријевиќ, ова претставува огромен скандал, уривање на правниот и уставниот поредок за кој мора да се поднесе одговорност. За него, изјавата на Мицкоски укажува дека судството и обвинителството се користат како инструмент за политичка пресметка и притисок врз неистомислениците, што, како што наведува Димитријевиќ, е практика карактеристична за авторитарни системи и спротивна на демократските стандарди.

    Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да постапи по кривичната пријава и итно да го повика Мицкоски на распит за да се спречи понатамошно загрозување на правниот поредок.

    „СДСМ поднесува кривична пријава против Христијан Мицкоски за злоупотреба на службена должност и овластувања член 353 став 1 од Кривичниот законик, повреда на рамноправноста на граѓаните член 137 став 1 и 2 од КЗ и за загрозување на сигурноста, член 143 став 1 од КЗ. Нека докаже ЈО дека никој не е над законите и дека може независно да постапува, а не само по нарачки“, изјави Димитријевиќ.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Април како филмска археологија – 50 години Кинотека на Македонија

    Центарот за македонски јазик од Лерин апелира за финансиска поддршка за две судења во Врховниот суд на Грција

    Во првата недела на „Безбеден град“ направени речиси 5.000 прекршоци, најмногу за брзо возење

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.