Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Спорт»НБА го исфрли Дончиќ од „триото“ кандидати за МВП
    Спорт

    НБА го исфрли Дончиќ од „триото“ кандидати за МВП

    20/04/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    НБА синоќа ги објави кандидатите кои се во потесниот избор за наградите што им се доделуваат на кошаркарите од најсилната лига во светот за достигнувања во текот на регуларниот дел од сезоната.

    Најголем интерес предизвика одлуката за тројцата играчи од кои ќе се избере добитникот на најпрестижната индивидуална награда за МВП, а за истата ќе се борат Шеј Гилџес-Александар, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

    Бранителот на титулата Гилџес-Александар ја заврши регуларната сезона со просек од 31,1 поен по натпревар, што го прави втор најдобар стрелец во лигата. Јокиќ имаше просек од трипл-дабл од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар, и е најдобар во лигата по скока и асистенции. Вембањама имаше 25 поени, 11,5 скока и 3,1 асистенции по натпревар со 51,2 проценти прецизност во шутирањето.

    Лука Дончиќ, шокантно, не е меѓу кандидатите за МВП, иако брилијантно ја одигра првата целосна регуларна сезона за Лејкерси и е најдобар стрелец во лигата со 33,5 поени по натпревар. Сепак, Словенецот ја заврши регуларната сезона со 64 настапи, еден помалку од потребниот минимум, но пред три дена сепак беше одлучено дека може да се натпреварува за наградите од НБА лигата.

    Поврзани вести

    Одбојкарите сериозно ослабени го очекуваат првиот меч со Холандија

    02/06/2026

    Охрид „гореше“ во името на историската европска титула (ФОТО)

    02/06/2026

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА и годинава поддржувач на Спортски игри Велес

    01/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мировните преговори за Газа започнуваат, Трамп ги повика медијаторите да дејствуваат брзо

    Три грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

    Билд тврди дека Клоп наскоро ќе биде селектор!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.