Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Студентски протести под притисок и поларизација
    Македонија

    Студентски протести под притисок и поларизација

    07/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вчера студентите Албанци протестираа во Скопје барајќи можност правосудниот испит да се полага и на албански јазик. Овие протести предизвикаа бројни реакции во јавноста и отворија дилема дали станува збор за легитимно барање за еднаков пристап или за политички инструментализирана тема.

    Прашањето веќе подолг период е присутно на политичката сцена во Македонија. Уште на почетокот на годината група студенти поднесоа петиција со која побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Тие се обратија и до народниот правобранител барајќи институционална заштита и разгледување на нивното барање.

    Начинот на кој власта, дел од опозициските парии и од медиумите реагираа е добро познат од претходни протести кои се организираа во земјата, и кои главно беа поддржани од страна на младите, особено кога станува збор за жртвите во трагедијата во Кочани. Наместо суштинска дебата, и тогаш и сега јавниот дискурс се пренасочи кон дискредитација, политизирање и релативизирање.

    Гласот на студентите никаде не се слуша

    За протестот за правосудниот испит можеше да се прочитаат најразлични видувања и изјави кои потекнуваа и од надвор од државата. Коментираа разни новинари, политичари, па и самиот министер за правда.

    Но, она што најмногу недостасуваше повторно е гласот на студентите. Медиумите најмногу известуваа за паролите на протестот и фокусот беше на тоа дека немало македонско знаме. Ретки беа оние што ја прикажаа страната на студентите. Во јавноста речиси и да не се слушнаа изјави од самите студенти како ги споделуваат своите проблеми.

    Јавноста можеби се сеќава дека слична беше состојбата и при студентскиот собир пред платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, еден ден по најголемата трагедија во независна Македонија, кога на 16 март загина 63 претежно млади лица во стравотен пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани.

    Следниот ден кога илјадници студенти спонтано се собраа, наместо гласот на студентите, доминантни беа говорите на министерката за образование, Весна Јаневска и ректорката Биљана Ангелова. Фијаското на Јаневска со поемата „Во тишина“ од Ацо Шопов, уште толку го избламира студентското движење, по што тогашниот претседател на УСС УКИМ мораше да реагира и да ги смирува насобраните студенти од кои неколкумина колабираа.

    Говор на омраза и напади кон студените

    Во студентскиот собир за жртвите во Кочани имаше напади кон новинари и студентска заедница. Покрај тоа, се појавија дезинформации кои дополнително ја потиснаа вистинската порака на собирот и создадоа лажна слика за мотивите на студентите. Дополнително, студените мораа да се извинуваат за говорите на ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, и министерката за образование, Весна Јаневска, како и да се оградат од секаква политичка позадина на собирот.

    Слична ситуација беше и на вчерашниот протест, каде медиумите пренесуваа статуси од поединци кои не само што не претставуваат јавен интерес, туку дополнително се поларизирачки. Ова придонесе до зголемен говор на омраза во коментарите на објавите на социјалните мрежи, што уште повеќе ја потисна автентичната порака и гласот на студентите.

    Ваквиот начин на комуникација доведува до апатија кај студентите и го презаситува јавниот дискурс, кој не им овозможува да го искажат своето мислење. Истовремено, тоа ги обесхрабрува и создава чувство дека нивниот глас не вреди да се слушне.

    Правото на протест е фундаментално човеково право

    Правото на протест е едно од фундаменталните човекови права кое низ историјата значително придонело за развојот на општествата и претставува еден од клучните столбови на демократијата.

    Ова право е формално признаено во документи како Универзална декларација за човекови права усвоена во 1948 година. Историски гледано, правото на протест било двигател на големи општествени промени од Француската револуција, преку движењата за граѓански права во САД, па сè до современите демократски трансформации во Европа и Балканот.

    Но, во 2026 година во Македонија, сведоци сме на континуирани обиди ова право да се обесхрабри и релативизира. Власта, преку различни наративи, ги учи младите дека протестот не е нешто што треба да го практикуваат, додека истовремено се обидува да ги подели и дискредитира.

    Од друга страна, политичките партии често се обидуваат да го инструментализираат протестот за сопствени цели наместо да го поддржат како автентичен граѓански израз. Во таква ситуација студентите остануваат сами без вистинска поддршка и простор за делување. На тој начин целокупната критична и демократска мисла е ослабена и маргинализирана.

    Пишува: Деспина Ковачевска

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Биометриските проверки повторно се одложени за патниците кои го преминуваат Ла Манш

    Сашо Блажес изложува на меѓународна изложба во Кина

    Настан „Without Commercial Value“ посветен на Мето Ангелов во КСП Центар-Јадро

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.