Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Студентите ќе можеле да го платат данокот за 2025 година на рати, најави УСС УКИМ по средбата со УЈП
    Македонија

    Студентите ќе можеле да го платат данокот за 2025 година на рати, најави УСС УКИМ по средбата со УЈП

    02/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) по средбата со директорката на Управата за јавни прходи најави дека студентите ќе можат да го платат данокот за 2025 година на рати без да наведат повеќе детали во врска со тоа.

    Средбата следува по јавната критика од студентите за ретроактивната наплата на данок за оние кои работеле преку програмата Work and Travel во Германија.

    УЈП, исто така, излезе со соопштение по одржаната средба, меѓутоа тие не спомнуваат никакво плаќање на рати, туку дека ќе организираат обуки за студентите како да плаќаат данок.

    На состанокот, за кој што велат дека бил со „заедничка цел“, од страна на УСС УКИМ присуствувала претседателката Ангела Василевска и заменик-претседателот Адам Стојановски.

    „Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели“, се вели во соопштението од УЈП. 

    И УЈП ио УСС УКИМ соопштија дека договориле организирање едукативни работилници со цел студентите да се запознаат со нивните обврски и права кога работат сезонска работа во странство. Од УСС УКИМ ќе изработеле дел од материјалите ако имало доволна заинтересираност.

    „Обуките ќе започнат на 6 април, а видео материјали и флаери ќе бидат дистрибуирани до студентите, при што дел од материјалите ќе ги изготват самите претставници на УСС УКИМ доколку има доволна заинтересираност“, посочија од УЈП.

    Оттаму соопштија и дека студентите кои не го искористиле правото на поврат на данок од работата во Германија можат да обезбедат потврда за резидентност и да го остварат правото на поврат на задржаниот данок, согласно договорот за избегнување на двојно оданочување.

    Како што велат од УЈП, претставниците на УСС-УКИМ изнеле идеја за оформување на работна група која ќе работела на „унапредување и поедноставување на процедурите поврзани со ораночувањето на доходите од програмата Working and Travel, со цел студентите полесно и навремено да ги исполнат своите обврски“.

    Поврзани вести

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Mицкоски: Граѓаните не сакаат предвремени избори но ако опозицијата побара нема да седиме настрана како кукавици

    20/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мел Гибсон (69) и Розалинд Рос (35) се разделија по девет години врска

    Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење во службата“

    Мицкоски: Нема да има кампови за мигранти

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.