Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани
    Македонија

    Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани

    16/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Денеска се одбележува една година од катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе. Во 2,30 часот, времето на започнувањето на пожарот во дискотеката, родители, роднини и блиски на жртвите и повредните се собраа во Кочани, пред објектот и со едноминутен молк им одадоа почит на загинатите.

    „Не сте само спомен — вие сте љубов“, порачаа од Здружението на граѓани 16 март 2025.

    Една од најголемите трагедии во поновата македонска историја се одбележа со повеќе настани во текот на минатата недела. Пред дискотеката беа поставени 63 бели срциња, на кои е испишано името и годината на раѓање на сите 63 загинати,  се одржаа велосипедска тура и кошаркарски натпревар, а беше промовирана и книгата „Ќе те има“ од авторката Марина Стојчевска, која зборува за болката, сеќавањата и љубовта посветена на 63 млади изгубени животи.

    Беше организирана и Меѓународната конференција „Институционалните и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“, на која беа презентирани искуствата на здравствениот систем – од првичната интервенција и спасувањето човечки животи, до третманот, рехабилитацијата и системските решенија што треба да ја направат нашата држава институционално уште поподготвена во иднина.

    Министерот за здравство, Азир Алиу им заблагодарит на повеќе од 400 здравствени работници од јавните и приватните здравствени установи од нашата држава, кои во тие денови работеа со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам, како и на сите европски медицински центри каде што се лекуваа повредените.

    „Нашата најголема обврска кон жртвите и кон повредените е да продолжиме да градиме систем што ќе штити, ќе реагира навреме и ќе обезбедува највисоко ниво на грижа за секој граѓанин“, рече Алиу.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени го потресе грчкиот остров Евија

    Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани го предизвика Доналд Трамп во победничкиот говор

    Тежок удар за Лејкерси: Не знаат кога ќе се врати Дончиќ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.