Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Бугарскиот амбасадор Радуков контра фондацијата „Македонија“, бара да не се блокираат граничните премини
    Македонија

    Бугарскиот амбасадор Радуков контра фондацијата „Македонија“, бара да не се блокираат граничните премини

    19/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Амбасадата на Бугарија во Скопје им се заблагодарува на сите бугарски институции, организации и граѓани кои изразија поддршка за мисијата во актуелните особено тешки околности. Исто така, го поддржуваме правото на мирни граѓански протести како основно право во секое вистинско демократско општество. Воедно, најсилно бараме да не се провоцира блокирање на контролни пунктови или патишта меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша Радуков на официјалната фејсбук страница на Бугарската амбасада во Македонија.

    Интересот на Бугарија, пишува Радуков, бара Бугарите да бидат отворени за, како што ја нарекува Македонија, нашите југозападни соседи, и повикува наместо блокади Бугарите да придонесуваат за запознавање на Македонците со современата бугарска култура, како и промоција на, како што вели тој, контакти меѓу долго одделените семејства.

    „Ова е најдобриот начин да се спротивставите на омразата. Само вака ќе ги потсетиме соседите колку сме блиски и кои придобивките се не само од нашата заедничка историја, туку и од нашата заедничка иднина во обединета Европа. Изразувањето на незадоволство и загриженост на бугарското општество со она што се случува во Скопје треба да има конструктивен и европски карактер“, вели во објавата Радуков.

    Тој уште посочува дека Бугарија внимава и на „одредени медиуми и јавни личности во Северна Македонија дека е недоследно и непродуктивно да се дефинираат бугарските организации како ‘антимакедонски’ поради различни оценки и ставови за состојбата со билатералните односи и политиката на властите во Скопје“.

    „Плурализмот е карактеристика на демократијата и неговата манифестација не е насочена ‘против’ никого, туку има за цел да отвори дијалог меѓу заедниците како предуслов за градење слични наративи и разбирање“, напиша Радуков на фејсбук.

    Против блокадите на граничните премини е и бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова. За неа, инцијативите за блокирање на македонско-бугарската граница се контрапродуктивни и би можеле да му наштетат на ставот на Бугарија во односите со Македонија.

    Според неа, ваквите иницијативи не се поврзани со бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес.

    „Разбирам дека постои можност невладините организации или други структури да организираат вакви настани, но од наша страна е важно да одржиме многу цврста позиција со јасно изразени права за кои се залагаме“, рече Петрова.

    Таа нагласи дека Бугарија нема интерес за ескалација на тензиите со Македонија.

    „Нема потреба дополнително да се влегува во каналот на ескалација и да се одговара на секој случај во кој има таква провокација“, истакна министерката за надворешни работи.

    Според Петрова, Бугарија има доволно дипломатски механизми преку кои ги штити правата на Бугарите во Македонија и ги брани своите позиции пред европските институции.

     

    Претходно, бугарската Фондација „Македонија“ најави дека в недела ќе ги блокира трите гранични премини помеѓу Македонија и Бугарија. Блокадата, како што соопштија од фондацијата, е координирана со Министерството за внатрешни работи на Бугарија и ќе трае два часа, од 11 до 13 часот.

    Целта на блокадата, како што пишува на фејсбук страницата на фондацијата е на македонскиот премиер Христијан Мицкоски „демонстративно да му се покаже дека не може да продолжи со прогонот на Бугарите во земјава, со нападите и со измислените судски пресуди против Бугарите“.

    Најавата за блокада на граничните прмеини доаѓа откако на 15 јуни беа опожарени две дипломатски возила на Амбасадата во Бугарија во Скопје.

     

     

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

    „Летаат“ со над 200 километри на час, системот „Безебеден град“ регистрираше рекорд на скопската обиколница

    Скалони ги отвори картите: Меси ја предводи Аргентина на уште еден мундијал

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.