Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Гравчето ќе биде многу повкусно со еден едноставен трик: Повеќето луѓе забораваат на овој зачин

    17/11/2026

    Кралот Чарлс и Камила духовито реагираа на веста за новиот Џејмс Бонд

    17/11/2026

    Србија денеска на конститутивната седница ќе ги одбере претседателот и потпретседателите на Парламентот

    17/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор
    Македонија

    Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор

    16/11/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Кристијан Корабоски, насилникот од Охрид кој е осомничен дека ја претепа неговата девојка, повторно е лишен од слобода а во секој момент се очекува да му биде изречена мерка притвор, потврдува за Мета, Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.

    „Денеска пред околу половина час Корабоски е лишен од слобода, очекуваме насоки од Обвинителството, очекуваме да му биде одреден притвор“, вели Димоски.

    Во меѓувреме, СВР Охрид објави и дека Корабоска управувал возило под дејство на алкохол вечерта кога се сомничи дека ја исфрли од автомобил Сара Ѓоргиевска во Охрид. Според наодите на полицијата, во неговата крв имало 1,29 промили алкохол, поради што ќе добие посебна кривична пријава. Како што претходно информираше СВР Охрид, против Кристијан Корабоски е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.

    „На 15 ноември околу 02:00 часот по полноќ, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди“, пишува во вчерашното соопштение од МВР.

    Оттаму информираат дека преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост.

    „Во врска со настанот, на 15.11.2026 во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ.К.(51) од Охрид, мајка на К.К., пријави дека Љ.Ѓ.(49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил  закани на нејзиниот син К.К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се додава во соопштението.

    Majката на жртвата Сара, Ирена Ѓорѓиеска на својот профил на Фејсбук објави дека Корабоски е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, кој наводно имал блиски релации со врвот на власта и премиерот Христијан Мицкоски.

    „Она што дополнително ја прави целата ситуација уште пострашна се околностите поврзани со постапувањето на неговиот татко. Во моментот кога мојата ќерка била во бессознание, Кристијан мислејќи дека таа е мртва, стапил во контакт со својот татко, барајќи помош како да се ослободи од нејзиното тело. Неговиот татко му давал насоки како да се ослободи од телото на мојата ќерка. Пред сето тоа, нејзиниот телефон бил намерно искршен, со што ѝ била одземена можноста да повика помош и да побара спас“, пишува мајката на жртвата.

    Поврзани вести

    Шест случаи на семејно насилство во едно деноноќие, пријавени напади врз сопруги, деца и членови на семејството

    16/11/2026

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026

    Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември

    16/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Гравчето ќе биде многу повкусно со еден едноставен трик: Повеќето луѓе забораваат на овој зачин

    17/11/2026

    Кралот Чарлс и Камила духовито реагираа на веста за новиот Џејмс Бонд

    17/11/2026

    Србија денеска на конститутивната седница ќе ги одбере претседателот и потпретседателите на Парламентот

    17/11/2026

    Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор

    16/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Анима Мунди смета дека разрешувањето на директорката на Лајка е нетранспарентно

    Студенстската листа ќе има 37 пратеници повеќе од „Единствена Србија“ на Вучиќ

    Објавен „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век“ од Славчо Ковиловски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.