Претепана девојка била пронајдена онесвестена на улица викендов во Охрид. Во моментов се наоѓа на лекување во болница, а за случајот е уапсен нејзиниот партнер Х.К. од Охрид. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека само за едно деноноќие добиле 15 повици за семејно насилство, а уапсени се повеќе лица.
Според информациите од МВР, девојката во Охрид била нападната и тепана во автомобил сè додека не паднала во бесознание, по што била исфрлена на улица од страна на насилникот. Веднаш била пренесена во болница, а случајот бил пријавен во полиција.
Од МВР информираат дека, освен случајот во Охрид, во Пробиштип бил лишен од слобода Г.С.(54) по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. Во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) бидејќи во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар.
Во струмичко село, уапсен е М.С.(59) бидејќи во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани.
Полициски службеници викендов го лишиле од слобода М.О.(37) по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга. Уапсена е и Б.Б.(56) од Гостивар, бидејќи упатувала закани на В.Б. (31) од гостиварско.
Во Струмица В.Р.(42) е пријавен дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. Полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода и З.М.(62) по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга.
Семејно насилство викендов се случило и во Велес, каде е уапсена 33-годишна велешанка, која го нападнала нејзиниот 36-годишен поранешен невенчан сопруг. Подоцна, и таа пријавила дека била физички нападната од него.
Во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода е В.Б.(34) од Скопје, со престој во Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата девојка, а во Куманово уапсен е Д.М.(19) бидејќи во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. Во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом нејзиниот сопруг Н.К.(50) од Скопје, со кого се во бракоразводна постапка, физички го нападнал нивниот 16-годишен син. Исто, во Скопје 44-годишен маж пријавил дека во семејниот дом на него и на неговата 42-годишна сопруга им биле упатувани закани од нивниот 18-годишен син Д.С. од Скопје. Маж од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од неговата 36-годишна сопруга Б.Д., која фрлала кон него разни предмети и употребила тврд предмет.

