Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Започна годишниот избор на најдобри стрипови „Oscar 2025“ на Stripovi.com
    Регион

    Започна годишниот избор на најдобри стрипови „Oscar 2025“ на Stripovi.com

    05/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На популарниот регионален портал Stripovi.com е отворено гласањето за „Oscar 2025“, традиционалниот избор на најдобри стрипови на годината – избор што ги обединува читателите и љубителите на стрипови од целата поранешна Југославија. Гласањето ќе трае во текот на февруари, а учесниците можат да изберат најмногу по 10 наслови во секоја од двете категории: „стрип свеска“ (помал формат) и „стрип албум“ (поголем формат).

    Во тековниот избор, како и во претходните години, во конкуренција се најголем број лиценцирани изданија и реизданија на класични серии – од култни италијански авантуристички и вестерн наслови, до американски, француски и јапонски стрипови објавени во текот на 2025 година. Иако во помал број од комерцијалната продукција, присутни се и изданија на домашни автори од регионот.

    Во изборот за 2024 година, на пример, меѓу најпопуларните стрипови доминираа реизданија на италијански серии како „Мистер Но“, „Дилан Дог“, „Марти Мистерија“ и „Текс Вилер“, додека во категоријата стрип-албуми се истакнаа дела како реизданието на хрватскиот класик „Гричка Вјештица“ и француско-американскиот постапокалиптичен хорор „Патот“.

    И претходните години покажаа богата разноликост на жанрови и извори: за 2023 година најмногу гласови освоија реизданијата на италијанската епска фантастика „Драгонеро“ и интегралот со сите авантури на најуспешната југословенска суперхероина „Кет Клоу“. За 2022 година, пак, најпопуларни беа реизданија на популарниот италијански стрип „Алан Форд“ и интегралот на францускиот научнофантастичен класик „Инкал“.

    Овие примери покажуваат дека гласачите на Stripovi.com вреднуваат и традиционални култни серии, како и иновативни или реставрирани изданија од различни делови на светот.

    Stripovi.com е еден од највлијателните портали за стрипови во регионот на поранешна Југославија, основан во Загреб во 2001 година како комбинација на форум и онлајн стрип-енциклопедија. Од 2007 година порталот организира годишен избор за најдобар стрип по моделот на „Оскар“.

    Овој избор не само што го одразува вкусот на читателите, туку и ја поддржува локалната и регионот стрип-култура, поттикнувајќи ја видливоста на различни жанрови и издавачки традиции.

    За разлика од некои од претходните години, во изборот за 2025 година нема ниту едно македонско издание. За разлика од издавачите од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија, македонските издавачи ретко ги регистрираат своите изданија во базата на Stripovi.com.

    Поврзани вести

    Уапсен е Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот „Информер“

    25/11/2026

    Ученик пукал во средно училиште во Крагуевац, повредени две лица

    24/11/2026

    Во Босна и Херцеговина децата со Даунов синдром учат безбедно да го користат интернетот преку видеоигра

    23/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Кралицата на лошите пластични операции едвај дише: Нејзиното лице повеќе не е во центарот на вниманието

    Меѓународната федерација на новинари бара Кувајт да го ослободи Ахмед Елдин

    Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро, ќе почне да ја отслужува затворската казна за обид за државен удар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.