Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кралот Чарлс го разјасни статусот на принцот Хари и Меган по нивното враќање во Британија

    08/09/2026

    (Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

    07/09/2026

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Магла на скопскиот аеродром, до пладне слетале само два авиони, откажани 20 летови
    Македонија

    Магла на скопскиот аеродром, до пладне слетале само два авиони, откажани 20 летови

    21/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 и да пренасочат еден лет, информираат од аеродромот.
    „По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург. Согласно со временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден“, посочуваат од ТАВ Македонија.
    Информираат дека, со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција на намалена видливост, сите патници треба да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.
    „Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен, работи без разлика на временските прилики, а нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи се подготвени да ги услужат и авионите и патниците. Сите капацитети му се во функција, ние сме отворени за авиосообраќај и чекаме Метео-службата на М-НАВ, како институција во чија надлежност се навигациските системи во авиосообраќајот, да нè извести дека има подобрување на временските прилики – и нас како аеродромски оператор и авиокомпаниите, чии пилоти ги носат одлуките дали ќе слетаат или ќе се пренасочат на друг аеродром зависно од моменталната минимална видливост која самата авиокомпанија одлучила дека ја прифаќа“, посочуваат од ТАВ.
    Додаваат дека нивниот персонал работи 24 часа секој ден, а информации за промените во редовниот распоред на летовите ,оже да се добијат на шалтерите и на телефонската линија + 389 2 3148 333.

    Поврзани вести

    Дизелот поскапува за шест, а бензините за три денари за литар

    07/09/2026

    Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка

    07/09/2026

    Лишено од слобода лице кое барало 1.500 евра за посредување при вработување

    06/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Кралот Чарлс го разјасни статусот на принцот Хари и Меган по нивното враќање во Британија

    08/09/2026

    (Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

    07/09/2026

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/2026

    Гаши по повод 8 Септември: Државата не се гради со еден акт, туку секој ден со институции, доверба и одговорност

    07/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Ризичното мини здолниште на Амал Клуни ја „запали“ атмосферата, Џорџ мораше да реагира

    Вицепремиерот Александар Николоски ја обвини ЕУ за евентуална криза во транспортната и челичната индустрија

    Познати се термините за 9.коло: Мега – дербито меѓу Вардар и Струга ТЛ е закажано за в недела!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.