Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»ЕУ мора да ги исполни очекувањата што ги создава, рече Кошта по самитот ЕУ-Западен Балкан
    Политика

    ЕУ мора да ги исполни очекувањата што ги создава, рече Кошта по самитот ЕУ-Западен Балкан

    18/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од три причини: прво, од геополитичка перспектива. Проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа. Второ, затоа што проширувањето го зајакнува нашиот заеднички просперитет. Секое претходно проширување го докажа ова. И трето, затоа што Европската Унија останува привлечен и кредибилен проект и ние мора да ги исполниме очекувањата што ги создава. Проширувањето сега се движи побрзо отколку во последните 15 години. И ние мора да ја искористиме оваа можност“, наведува Кошта во изјавата.

    Претседателот на Европскиот совет нагласува дека ЕУ ги поздравува чекорите за зголемување на регионалната поврзаност што ги презема Македонија и изразува надеж на вистински напредок во 2026 година. Нејзините власти знаат што треба да направат, додава Кошта.

    Тој потенцира дека проширувањето е процес базиран на заслуги, а не трка или натпревар меѓу кандидатите.

    „Оние што се движат побрзо не треба да бидат попречени од другите. Напротив, тие треба да го одредат темпото и да послужат како инспирација за сите“, смета Кошта.

    Во изјавата, тој го поздравува напредокот остварен од Црна Гора и Албанија во пристапните преговори во текот на изминатите 12 месеци, постигнувањата на Босна и Херцеговина со усвојувањето на Реформската агенда, како и чекорите преземени од страна на Косово за градење доверба меѓу заедниците.

    Во изјавата, Кошта не ја споменува Србија, чии претставници не учествуваа на денешниот Самит во Брисел.

    „Да бидеме јасни, покрај техничките детали на процесот, постои фундаментален политички избор што треба да се направи: избор помеѓу останување заробени во минатото или движење напред кон заедничка иднина во Европската Унија, избор помеѓу поделба или помирување и соработка, кои и самите се столбови на Европската Унија“, потенцира Кошта.

    Според него, само со надминување на минатото, земјите од Западниот Балкан може целосно да ја преземат својата улога како идни членки на ЕУ и да придонесат за стабилна, просперитетна и обединета Европа.

    „Патот напред нема да биде лесен. Некои реформи ќе бидат тешки, но вредат. И верувам дека нашите партнери се посветени на остварување. Мора да го задржиме овој моментум. За таа цел, ќе ги поддржуваме нашите партнери на секој чекор од патот. Проширувањето е длабоко трансформативен процес. Социоекономската конвергенција ќе ја зацврсти нивната иднина во Европската Унија. ЕУ е и ќе остане најсигурен партнер на Западниот Балкан. Сите тие се дел од европското семејство, а Европската Унија е нивното место, заклучува Кошта во изјавата.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Инспектор со години управувал хеликоптер со фалсификувана дозвола

    Муцунски во работна посета на Франција

    Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи на 19 ноември

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.