Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Државата против природата: Законот за заштита на Матка заглавен во институциите
    Македонија

    Државата против природата: Законот за заштита на Матка заглавен во институциите

    30/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Заштитата на Кањонот Матка останува заглавена меѓу институциите. Законот за прогласување на Матка како споменик на природата минатата година беше вратен од Собранието назад во Министерството за животна средина, заради забелешки на други државни институции. Законот и после една година е се уште во Министерството, иако претходно во 2023 година доби зелено светло од Владата.

    Какви неусогласености постојат меѓу институциите, какви се заблешките и од кои министерства или други органи доаѓаат, од Министерството за животна средина не сакаат да информираат. Во моментов оваа институција нема министер, откако Изет Меџити на локалните избори стана градоначалник на Чаир, па ова и сите други прашања ќе чекат до назначувањето на нов.

    Дотогаш, нејасно ќе биде како забелешките на институциите не биле разгледани претходно, со оглед на тоа дека усогласувањето на текстот на законот, како и претходно на Студијата за ревалоризација на локалитетот Матка траеја со години. Се изјаснува засегнатите министерства, Градот Скопје и општина Сарај, како предлог управители, Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ и други институции кои имаат некаква поврзаност со Матка. Процесот резултираше со усвојување на Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата од страна на Владата во февруари 2023 година, што беше неопходниот чекор за постапката да продолжи во Собранието.

    Откако повеќе од една година стоеше во собраниските фиоки, законот, наместо да биде изгласан, се врати неколку чекори назад.

    Отсуството на заштита на едно од највредните природни богатства на државата, кањонот Матка веќе неколку години по ред е и дел од Извештајот на Европската Комисија з анапредокот на државата на патот кон ЕУ. И последниот извештај и тој од минатата година во Поглавјето 27 нотираат дека се влечкаат и процесите на прогласување на заштитени подрачја од големо значење, како што се Охридското Езеро, Студенчишко Блато, Кањонот Матка и повторното прогласување на Националниот парк Маврово, а мижиме и пред нивната узурпација и бетонизација.

    Според текстот на законот, Матка ќе треба да добие зачувување на природната состојба на локалитетот, спречување на нарушување на живеалиштата и екосистемите, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, одржливо користење на природните ресурси на начин на којшто не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите, како и назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и ќе изработува стратешки документи за заштита и одржливо управување со природното наследство.

    Се очекува со вистинската заштита на Матка да се обезбеди и прогрес во исполнување на целите и акциите од Националните стратегии за заштита на природата и за биолошка разновидност и во обврските од ЕУ директивите и Конвенциите, но и да се создаде основа за развој на еколошки туризам и примена на коцептот на екосистемски услуги.

    Законот предвидува во рок од една година откако ќе биде усвоен да се донесе План за управување, а во рок од три месеци и Годишната програма за заштита на природата. Управувањето им е доделено на Градот Скопје, Општината Сарај и Јасен.

    Матка со законот е поделена на неколку зони, зона за строга заштита, за активно управување, за одржливо користење и заштитен појас. Зоната на строга заштита опфаќа речиси 39 отсто од подрачјето во кое спаѓаат четири поголеми области: Козјак, Добрашија, Матка – Врело и Плоча. Во овој дел е забрането спроведување на активности со коишто се загрозува изворноста на природата и нарушувањето на природната рамнотежа, заради што Градот Скопје и Општина Сарај се должни да обезбедат постојан мониторинг. Во зоната за строга заштита дозволени се научно-истражувачки активности, доколку тие не се во спротивност со примарните цели на заштита на подрачјето.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Подгответе се за јаки удари: Тежок период за три знака од втората половина на мај

    Ковачевски против Филипче за дата-центрите во Македонија

    Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Евија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.