
Владата ќе потроши осум милиони евра за софтверски лиценци за виртуелна платформа наменети за повеќе државни институции. Договорот за набавката, која е објавена на веб страницата на Бирото за јавни набавки е склучен со компанијата „Дигитал оне“ и предвидува да се реализира до 2028 година или додека не се исцрпат средствата. Компанијата, која е релативно нова, формирана во 2024 година, набавката ја добила во конкуренција на уште две компании.
Како што предвидува договорот, корисници на лиценците ќе бидат Агенцијата за катастар на недвижности, ФЗОМ, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Министерствата за внатрешни работи, за јавна администрација, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за економија и труд, за култура и туризам, за европски прашања и за дигитална трансформација, како и Царинската управа, УЈП и Државниот завод за статистика.
Според рамковната спогодба Владата на компанијата ќе треба да и плати четири пати, годинава милион денари, идната 139 милиони денари, а во 2027 и 2028 година по 140 милиони денари.

