Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Документот за демократските институции што треба да го подготви Македонија сè уште го нема на повидок
    Македонија

    Документот за демократските институции што треба да го подготви Македонија сè уште го нема на повидок

    09/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Иако поминаа речиси две години од почетокот на подготовките, Патоказот за функционирање на демократските институции во Република Северна Македонија сè уште не е усвоен. Од Министерството за европски прашања велат дека документот е во „напредна фаза“, но пред да се достави до Владата истиот ќе биде отворен за јавни консултации, пишува „Порталб.мк“ во написот кој го пренесуваме во целост.

    Во одговор од Министерството нагласија дека патоказот е усогласен со препораките на Европската комисија, обврските од Реформската агенда 2024–2027 и наодите од Извештајот на ЕК за 2025 година. Но, не даваат конкретен рок кога се очекува да заврши целиот процес.

    „Патоказот за функционални демократски институции е во напредна фаза на подготовка и за истиот беа консултирани и службите на Европската комисија. Во изминатиот период се работеше на усогласување на мерките во Патоказот со препораките на ЕК, со обврските од Реформската агенда 2024-2027, препораките од Извештајот на ЕК за 2025 година, итн. Пред усвојувањето на Патоказот од страна на Владата, истиот ќе биде предмет на јавни консултации“, се наведува во одговорот од MЕП. Ова одолговлекување е во спротивност со поранешните очекувања на институциите. До крајот на 2023 година, беа подготвени и испратени до Советот на ЕУ уште два Патокази, еден за владеење на правото и еден за реформа на јавната администрација, а третиот за демократските институции се сметаше дека е во завршна фаза.

    Иако овој Патоказ не е формален услов за отворање на Кластер 1, тој останува дел од обврските што земјата ги презеде во рамките на процесот на преговори со Европската Унија.

    Во меѓувреме, властите нагласуваат дека документот е развиен во координација со Европската комисија и други релевантни чинители. Меѓутоа, фактот дека по толку долг период сè уште не е финализиран и повторно ќе помине низ фаза на јавна консултација покажува дека процесот не бил толку ефикасен како што беше најавено.

    Потсетуваме дека подготовката на трите патокази е директно поврзана со Преговорната рамка усвоена од Советот на ЕУ во 2022 година и со новата Методологија за проширување. Иако два клучни документи веќе се поднесени, третиот останува во постапка, без јасен датум за завршување.

    Патоказот за владеењето на правото, кој ги опфаќа реформите во Поглавјето 23-„Судството и основните права“, и Патоказот за реформите во јавната администрација, кој се фокусира на градењето на професионална администрација, се издготвени и испратени до Советот на ЕУ на 28 декември 2023 година. Со новата Методологија за пристапни преговори од март 2020 година и како што е дефинирано во Преговорната рамка за Северна Македонија, која беше усвоена од Советот на ЕУ во јули 2022 година, се предвидува исполнување на два услови за отворање на Кластер 1: Основните вредности, и тоа подготовката на Патоказот за владеењето на правото и Патоказот за реформите во јавната администрација, а Патоказот за функционирањето на демократските институции не е услов, туку обврска што ќе мора да ја исполниме.

    Инаку, процесот на скрининг заврши на 7 декември 2023 година, со билатералниот скрининг за Поглавјето 31 – „Надворешната безбедносна и одбранбена политика“ како дел од Кластер 6 – Надворешни односи“. Северна Македонија останува блокирана на патот кон ЕУ поради спорот со соседна Бугарија. РСМ мора да направи уставни измени за да го продолжи патот кон ЕУ.
    Уставната промена вклучува додавање на Бугарите и другите етникуми во Уставот.

    Промената бара двотретинско мнозинство и преговорите со ЕУ нема да започнат се додека не се направат овие измени.
    Под условот примена на уставните измени Северна Македонија на 19 јули 2022 година ги започна пристапните преговори со ЕУ со одржување на првата меѓувладина конференција, по одобрувањето на францускиот предлог, кој Северна Македонија го усвои на 16 јули 2022 година. Предлогот потоа беше изгласан во Собрание без учество на тогашната опозиција, која сега е на власт.

    Пишува: Најле Даути

    Поврзани вести

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    10/09/2026

    Евидентирани 58 случаи на западнонилска треска, 8 лица починати

    10/09/2026

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори

    10/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов на годишнината на КИЦ Белград

    Малешевиќ со апел до битолчани за дуелот со МЗТ Скопје

    Радивојевиќ: Магдебург е тешко да се изненади, но во Битола покажавме дека се е возможно!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.