Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

    11/09/2026

    Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

    11/09/2026

    Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра

    11/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Откриена шема со јавувања за лажни сообраќајќи, измамници извлекле 60.000 евра и злато од граѓани
    Македонија

    Откриена шема со јавувања за лажни сообраќајќи, измамници извлекле 60.000 евра и злато од граѓани

    09/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани посебно се зголемил од почетокот на февруари, од кога се евидентирани шест слични случаи, информираат во Основното јавно обвинителство.

    „Во сите предмети начинот на извршување е сличен – оштетени се обично повозрасни лица кои добиваат телефонски повик дека некое ним блиско лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа и дека итно се потребни пари за сложена операција. Втората верзија на лажни факти која измамниците им ја претставуваат на дел од оштетените е дека нивен близок предизвикал сообраќајна несреќа со тешки последици и дека парите се потребни за да се избегне затворска казна. Доведени во заблуда и исплашени за своите блиски, оштетените се согласуваат лично на рака да исплатат различни суми пари – од неколку десетици илјади денари до над 20.000 евра, златен накит и вредни предмети. Парите ги предаваат на различни локации во Битола, на лица кои претходно, преку оглас на Фејсбук, биле ангажирани за работа. До овој момент, Основното јавно обвинителство Битола има поднесено обвинение против четири вакви лица кои се гонат како соизвршители во измамите и директно ги преземале парите од измамените граѓани“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

    Парите се пренесуваат и се предаваат кај засега непознато лице во Бугарија. Она што ги поврзува случаите се и телефонски броеви од Романија кои се употребени во сите овие настани за контакт со оштетените.

    „Од тие причини, Основното јавно обвинителство Битола упати и барање за меѓународна правна помош до органите на овие држави со цел преземање дејствија за откривање на сторителите. Во меѓувреме, истражните органи апелираат граѓаните да не потпаѓаат на вакви измами и да не се согласуваат на исплата на парични средства “на рака” на лица кои воопшто не ги познаваат“, се наведува во соопштението.

    Поврзани вести

    Претреси на 32 локации во Скопје, се бараат докази за фалсификувани возачки дозволи

    11/09/2026

    Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

    11/09/2026

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    10/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

    11/09/2026

    Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

    11/09/2026

    Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра

    11/09/2026

    Законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции доби комисиска „виза“ за понатамошна собраниска процедура

    11/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија

    Изградба на тротоари во Миравци

    Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.