Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    За две години креиравме 17.000 нови работни места, вели премиерот

    28/08/2026

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    27/08/2026

    Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Корисници на Полимаркет профитирале од облози за примирјето меѓу САД и Иран
    Свет

    Корисници на Полимаркет профитирале од облози за примирјето меѓу САД и Иран

    09/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Група новоотворени кориснички сметки на платформата за обложување Полимаркет направиле прецизни и навремени облози за тоа дали САД и Иран ќе постигнат примирје на 7 април, при што оствариле профит од стотици илјади долари, покажуваат податоци од анализата на блокчејн трансакциите, пренесува Асошиејтед Прес.

    Обложувањата биле направени само неколку часа пред објавата за двонеделно примирје во вторникот, иако тогашната реторика на американскиот претседател Доналд Трамп беше значително заострена и немаше јасни сигнали дека договор е близу. Во текот на денот тој предупреди на социјалните мрежи дека „целa цивилизација ќе исчезне вечерва“ доколку Иран не го отвори Ормутскиот Теснец до рокот што го постави за 20 часот по источноамериканско време.

    Анализа на јавно достапни блокчејн податоци од платформата Полимаркет, направена со крипто-аналитичката алатка, покажува дека најмалку 50 нови сметки во вторникот вложиле значителни средства на опцијата „Да“, пред Трамп околу 18:30 часот да го објави примирјето на социјалната мрежа Truth Social. За повеќето од тие дигитални „паричници“ тоа биле првите облози.

    Една од сметките, отворена истиот ден околу 10 часот наутро, вложила околу 72.000 долари по просечна цена од 8,8 центи по облог. На платформата секоја обложувачка позиција се движи од 0 до 1 долар, што претставува проценка од 0 до 100 проценти за веројатноста на настанот. Корисникот подоцна ги повлекол средствата со добивка од околу 200.000 долари. Друга сметка, креирана на 6 април, заработила околу 125.500 долари од истиот настан.

    Трета сметка, отворена само 12 минути пред објавата на Трамп, вложила 31.908 долари на опцијата „Да“ по цена од 33,7 центи и се проценува дека остварила добивка од околу 48.500 долари. Повисоката цена на облогот во тој момент можеби била поврзана со обидите на властите во Пакистан да го убедат Трамп да го продолжи рокот за две недели.

    Постои и можност дел од корисниците да се обложиле очекувајќи дека Трамп ќе се повлече од заканите, имајќи го предвид неговиот стил на остри предупредувања кои подоцна се ублажуваат, феномен што критичарите го нарекуваат „Trump Always Chickens Out“ (Трамп секогаш се повлекува).

    Иако дел од обложувачите веќе оствариле големи добивки, други ќе мора да почекаат исплата, бидејќи Полимаркет го означи договорот за примирје од 7 април како „спорен“. Причина е тоа што Иран и понатаму воведува ограничувања за бродовите во Ормутскиот теснец, а ракетните напади во регионот продолжуваат. Спорот би можел да се реши во рок од 48 часа.

    Блокчејн податоците не откриваат кој стои зад новите сметки. Платформата користи посреднички „паметни договори“, што значи дека еден корисник може да отвори повеќе профили. Само компанијата располага со интерни информации дали станува збор за нови корисници или за постоечки кои отвориле дополнителни сметки. Од Полимаркет засега не одговориле на барањето за коментар.

    Конгресменот Блејк Мур, кој предложи закон за регулирање на ваквите пазари, оцени дека е малку веројатно овие трансакции да се направени „во добра верба“ и дека е поверојатно станува збор за лица со пристап до информации пред тие да станат јавни.

    Слични случаи веќе се забележани на платформата. Во минатото новоотворени сметки вложувале големи суми само неколку часа пред настани како апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, при што повторно биле остварени добивки од стотици илјади долари.

    Таквите ситуации повторно ја отвораат дебатата дали некои трговци користат доверливи информации за да профитираат на пазарите за предвидување. Групи сенатори и конгресмени од двете партии веќе предложија закон со кој дефиницијата за инсајдерско тргување би се проширила и на ваквите платформи.

    И двете најголеми компании во индустријата, Калши (Kalshi) и Полимаркет (Polymarket), признаваат дека постои потреба од појасни правила. Професорот Тод Филипс од Државниот универзитет во Џорџија предупреди дека без регулација ваквите пазари може да станат простор каде што профитираат само оние со пристап до внатрешни информации.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    За две години креиравме 17.000 нови работни места, вели премиерот

    28/08/2026

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    27/08/2026

    Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

    27/08/2026

    Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година

    27/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) До понеделник е гласањето за „Силјан“ за престижната „Cinema eye honors audience award“

    Кошаркарско сценарио за филм: Литванците погодија три „тројки“ за 9 секунди и победија (ВИДЕО)

    Тие сакаат компликации: Овие хороскопски знаци често водат двоен љубовен живот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.