Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: Неговата содржина останува мистерија

    24/11/2026

    (Фото/Видео) Откако се појави на неколку настани без скапоцениот прстен, Сабаленка повторно е во центарот на вниманието

    24/11/2026

    Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата по само 11 дена

    23/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Николоски: Полека го комплетираме патниот коридор 8
    Македонија

    Николоски: Полека го комплетираме патниот коридор 8

    14/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на постапката не можам да ја кажам бројката, но е доста голема. Има сериозни понуди и најмалку три од нив се во рамки на буџетот за Скопје – Блаце, а исто така има и три понуди за автпатот Кичево Букојчани. Многу значајно за Скопје -Блаце е тоа што успеавме да го вратиме проектот во нормала. Она што ние го наследивме беше 27 милиони евра по километар, што мислам дека сите ќе се сложат дека е неодржлива работа. Сега го вративме во рамки на договорената цена со ЕБОР, таму имаме 166 милиони евра кредит и 30 милиони евра грант, тука влегува и изведба на градежните работи, надзор и техничка помош за ЈПДП. Очекувам во првата половина од декември да избереме изведувач и во зависност од временските услови да ги воведеме во работа и таму е брз рокот 2,5 години“, истакна Николоски во гостување на Алсат.

    Вицепремиерот најави дека се работи на проект за реконструкција на обиколница Скопје, а исто така интензивно се работи и на останатите автопати на Коридор 8.

    „Работиме проект за целосна реконструкција и рехабилитација на обиколницата на Скопје, која што оди од Арачиново кон Ѓорче Петров. Работиме на Тетово Гостивар нов автопат, одлично оди динамиката. Таму имавме одредени проблеми со рушење на одредени објекти, но и тоа се решава, се експроприра земјиштето. Понатаму работиме на Гостивар-Букојчани популарната Стража, проект кој што за мене е лична гордост, затоа што е доста тежок и комплициран инженерски проект. Од 33 км колку што е целата траса, првите 17 км се пробиени. Од пролет ќе почне да се работи од страната на Букојчани и ова ќе е прв автопат кој ќе се спојува на пола“, потенцира вицепремиерот Николоски.

    Тој исто така најави дека во прва половина на декември ќе се пуштат во сообраќај нови делници од автопатот Кичево -Охрид.

    Поврзани вести

    Набавени нови вакцини против сезонски грип, над 23.000 граѓани добија термин за вакцинација

    23/11/2026

    Цената на бензините се намалува за два, а на дизелот за 3,5 денари

    23/11/2026

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: Неговата содржина останува мистерија

    24/11/2026

    (Фото/Видео) Откако се појави на неколку настани без скапоцениот прстен, Сабаленка повторно е во центарот на вниманието

    24/11/2026

    Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата по само 11 дена

    23/11/2026

    Вештачката интелигенција ви ја зема работата, а вие влегувате во виртуелна реалност: Старите пораки ја откриваат дистописката идеја на извршниот директор на Антропик

    23/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

    Локомотива на Canal 2026 во Витри-сир-Сен (Париз)

    Мицкоски неконзистентен – остава можност за предвремени избори

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.