Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски неконзистентен – остава можност за предвремени избори
    Македонија

    Мицкоски неконзистентен – остава можност за предвремени избори

    11/10/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ако се цени според последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски околу предвремени парламентарни избори (од 08.10.2025), тој не ги најави со сигурност, туку остави лабава можност да се донесе таква одлука. Но, дури и таквото лабаво оставање можност е неконзистентност и недоследност, барем во однос на неговите изјави во септември, иако порано, во врска со други настани и поводи Мицкоски ги споменувал предвремените избори, пишува „Вистиномер“. 

    Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост:

    Можност за одржување предвремени парламентарни избори спомена премиерот Христијан Мицкоски во една своја изјава на настан во Струмица, изјава што може да се оцени како недоследност.

    Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа во 2021 година. Логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат, вели Мицкоски.

    Според премиерот, тоа е логично како политичка одлука.

    Но, ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме. Ние сакаме да ја ставиме државата пред сè и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политички интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки, рече премиерот на  Бизнис форум во Струмица, на кој присуствуваа стопанственици од регионот, како и министри од владиниот кабинет.

    [Извор: Дојче Веле – „Мицкоски не ја исклучува можноста од предвремени избори“;  Датум – 08.10.2025]

     

    Образложение: 

    Премиерот Христијан Мицкоски во изјавата акцентот повеќе го фрла на државниот, а не на политичкиот интерес, наведувајќи дека предвремени парламентарни избори носат покрај четиригодишен мандат и непредвидлива иднина за државата и стопанствениците во смисла на застој додека тие се спроведуваат. Сепак, со последната реченица „но, ќе видиме, прво да се случат работите па потоа ќе носиме одлуки“, тој ја остава можноста да се донесе и таква политичка одлука, што претставува недоследност, барем во однос на изјавите дадени во септември.

    А такви имаше три. Најпрво на 19.09.2025 г. на брифинг со новинари свикан од него, Мицкоски ја уверувал јавноста дека предвремени избори нема да има. Така барем јавија дел од медиумите, што може да се види тука и тука.

    Само ден подоцна (20.09.2025) на некои од изборните кампањи или настапи Мицкоски уште еднаш потврди дека предвремени парламентарни избори нема да има, за што сведочи овој извештај на Канал 5 од 20.09., како и овој извештај од ТВ 24, закачени на нивните Youtube канали.

    Конечно, во интервјуто за 360 Степени (емитувано на МРТ на 29.09.2025), Мицкоски исто така демантираше дека би имало предвремени избори, во контекст ако ДУИ освои поголем дел советнички или градоначалнички места од ВЛЕН (околу 30 мин. од разговорот).

    Поради погоре наведените факти, иако Мицкоски во најновата изјава на оваа тема од 08.10.2025 г. остава само лабава можност да има предвремени избори, таквата изјава може да се оцени како неконзистентност и недоследност.

    Извори:

    • (08.10.2025) – Дојче Веле – „Мицкоски не ја исклучува можноста од предвремени избори“ – [Проверено на 10.10.2025]
    • (19.09.2025) Плусинфо – Мицкоски порача дека нема да има предвремени избори… – [Проверено на 10.10.2025]
    • (20.09.2025) Канал 5/Јутјуб – Мицкоски: Предвремени избори нема да има... – [Проверено на 10.10.2025]
    • (29.09.2025) 360 Степени/ Јутјуб – Интервју Мицкоски  – [Проверено на 10.10.2025]

     

    Оцени: Тео Блажевски

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Тие се магнет за богатство: 4 хороскопски знаци ќе бидат миленици во октомври

    Министерството за правда воведува „фонд против вооружување“ од речиси 1,8 милијарди долари како дел од спогодбата на Трамп со СВП

    „Куќата на границата“ на репертоарот на вториот ден на МОТ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.