Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Зетот на Трамп, Кушнер, нема да плаќа ниту евро закуп за Генералштабот во Белград, откриваат српските медиуми
    Регион

    Зетот на Трамп, Кушнер, нема да плаќа ниту евро закуп за Генералштабот во Белград, откриваат српските медиуми

    14/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Српската влада основала заедничка компанија за развој на недвижности со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, за изградба на хотелски комплекс во Белград. Договорот за заедничко вложување ѝ дава на Србија рок до следниот мај да ги сруши постојните згради, според документи кои ги објави независното српско списание „Радар“. Iнвестицискиот договор од 2024 година, предвидува фирмата на Кушнер, „Атлантик Инкубашн Партнерс“ да добие 77,5% удел во заедничкото вложување, а српската влада 22,5%.

    Заедничката компанија е формирана за реконструкција на локацијата на Генералштабот на српските вооружени сили во Белград, која беше бомбардирана од НАТО во 1999 година. Планот предизвика протести во центарот на градот.

    Српската влада не ја оспори автентичноста на објавените документи. Иако договорот датира од февруари 2024 година, тој е чуван во тајност и стана жариште дури минатата недела, откако националното собрание на Србија донесе посебен закон за забрзување на развојот на локацијата како проект од важност за Република Србија.

    Новиот закон ѝ дозволува на владата да ги избегне регулаторните контроли што го запреа напредокот на проектот во мај, во исчекување на истрага дали документацијата со која се отстранува статусот на заштитено културно богатство зградата била фалсификувана.

    Според договорот објавен од Радар, српската држава била должна да го отстрани заштитениот статус на комплексот и да ги заврши работите за рушење на постојните згради на начин што е задоволителен за компанијата на Кушнер. Доколку Србија не го исполни рокот до мај следната година за подготовка на локацијата за изградба, американската компанија може да го раскине договорот и да побара значителна сума за трошоци за раскинување, според објавениот документ. Со договорот се предвидува бесплатен закуп на земјиштето за 99 години, со опција за претворање на закупот во целосна сопственост.

    Министерот за финансии на Србија Синиша Мали со цел да го претстави проектот на Кушнер во подобро светло го нарекува како проект за развој и реконструкција.

    „Кога станува збор за оваа локација, важно е да се истакне дека ние не го продаваме земјиштето, туку го издаваме под закуп на 99 години, задржувајќи ги сите права на Република Србија да го користи земјиштето и да генерира приход“, објави министерот за финансии на својот Фејсбук профил.

    Сепак, вистина е дека владата на Вучиќ, ниту продава земјиште ниту го издава под закуп, туку практично го подарува. Како што е напишано во Договорот за закуп, кој ќе го објави „Радар“ во наредните денови, земјиштето формално е издадено под закуп на 99 години, но исто така е наведено дека станува збор за закуп – без надомест“, пишува српскиот медиум.

    Донесувањето на специјалниот закон им даде нов фокус на целогодишните демонстрации предводени од студентите против корупцијата, кои првично беа предизвикани од уривањето на настрепницата на железничката станица во Нови Сад.

    Оваа недела, демонстрантите формираа човечки синџир и нацртаа црвена линија околу комплексот на Генералштабот, во обид да го одложат уривањето заради изградба на хотел, станови и музејски комплекс.

    Освен неговото историско значење како место на бомбардирањето на НАТО за време на косовската војна, имаше заштитен статус како единствено дело во Белград на ѕвездата на модернистичкиот архитект на Југославија, Никола Добровиќ.

    Донесувањето на специјалниот закон со кој се забрзува проектот на Кушнер дојде во време кога српската влада на Александар Вучиќ се обидува да ја добие наклонетоста на администрацијата на Трамп откако Вашингтон воведе санкции врз националната нафтена компанија НИС, поради мнозинскиот удел во сопственост на руските „Газпром“ и „Газпром Нефт“.

    Поврзани вести

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Шпанската полиција потврди дека е пронајдено телото на исчезнатиот американски студент без знаци на живот

    Малешевиќ со апел до битолчани за дуелот со МЗТ Скопје

    Mицкоски се извини за случувањата во Собранието

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.