Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Вучиќ вели дека три дена српските служби бркаат двајца снајперисти низ Белград
    Регион

    Вучиќ вели дека три дена српските служби бркаат двајца снајперисти низ Белград

    04/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека српските служби веќе три дена залудно трагаат по двајца снајперисти кои, според него, се наоѓаат во Белград, но не посочи кој би можел да биде нивната мета. Ова Вучиќ го кажа во интервју за српската ТВ Прва, каде исто така обвини поединечни државни обвинители дека се криминалци и дел од „корумпирана банда“.

    „Ние во моментов во Белград бркаме двајца снајперисти за кои знаеме дека се во градот и веќе три дена не можеме да ги пронајдеме. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се метите – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнаа и знаеме од каде доаѓаат парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат тоа да го решат“, рече Вучиќ.

    Во тој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „не постои ниту еден друг начин“ бидеќји тој нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.

    „Но, тоа им е единствениот начин, друг начин немаат. Мојата волја не можат да ја поколебаат, не можат да ме победат на избори, и тоа тие одлично го знаат“, рече Вучиќ.

    Додаде дека се труди да каже „извинете“ за секој потежок збор, наведувајќи дека тоа е негова работа и обврска како претседател на државата.

    „Дали некогаш сум претерал – па да, но човек сум од крв и месо. Тоа што јас го преживеав, немојте да се налутите, но никој од луѓето во Србија нема поминато низ таков вид на навреди, напади, притисоци, гадости кои морал да ги слушне за себе и за своето семејство“, рече Вучиќ.

    Говорејќи за случајот во кој неколку државни функционери се осомничени за фалсификување документи при укинување на заштитата на објектот на Генералштабот како споменик на културата, Вучиќ директно нападна дел од обвинителите од Обвинителството за организиран криминал.

    „Јас ви кажувам дека сте корумпирана банда во обвинителствата, во најголемиот дел од нив. Имате колку што сакате под ваша контрола корумпирани судии со кои работите“, рече претседателот истовремено додавајќи дека сепак верува оти „поголемиот дел од обвинителите и судиите се чесни и одговорни луѓе“.

    Тој тврди дека „таа корумпирана банда“ го измислила случајот за Генералштабот, за кој, според него, уште во 2016 година барал да се реновира.

    Тој тврди дека предложил таму да се изгради Музеј на жртвите на НАТО агресијата, и дека наводно постигнал договор со Американците, тие да платат за тоа. Наведе дека проектот бил планиран многу пред администрацијата на Трамп.

    Вучиќ оцени дека целата истрага околу Генералштабот е резултат на „налог од надвор“ и дека „на Србија ѝ е забрането да воспостави подобри односи со администрацијата на Трамп“.

    Тој изјави дека, доколку не се прифати реконструкцијата, ќе биде донесен лекс специјалис, со кој ќе се овозможи реализација на проектот.

    Инаку, семејството на американскиот претседател на местото на зградата на Генералштабот во Белград има намера да гради т.н. Трамп кула. Генералштабот беше бомбрадиран во 1999 година за време на интервенцијата на НАТО кога режимот на Слободан Милошевиќ вршеше етничко чистење на Косово.

    Поврзани вести

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Бугарскиот премиер изјави дека нападот со беспилотни летала врз два бродови е „кршење на меѓународното право“

    06/10/2026

    Избори во Босна и Херцеговина: Со многу ниска излезност избрани членовите на претседателството

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Жителите на виничко Блатец со стража ја чуваат реката од инвеститор на мала хидроцентрала, велат без неа нема живот, ниту храна

    Финскиот хор „Доминанте“ со светска премиера на „Јовано, Јованке“ од Дарија Андовска во НОБ

    Немаме друго решение меѓу ЕУ и Бугарија, освен да го браниме правото дека постоиме како Македонци

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.