Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Реакции по објавувањето на аудио снимките за Дехари: „Сега тој стана непријател на мојата фамилија“
    Македонија

    Реакции по објавувањето на аудио снимките за Дехари: „Сега тој стана непријател на мојата фамилија“

    16/10/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Спортистите не пишуваат за политика и ова е моја прва објава. Ова е семејно и морално прашање. А кога се навредува семејството, секако дека нема да седиме со скрстени раце. Семејството Дани е дел од историјата и придонесот во оваа земја, и никој нема право да го понижува со ниски зборови, а најмалку не некој како тебе. Фатмир Дехари, со зборовите што ги употреби, од денес избра да станеш непријател на моето семејство“, напиша фудбалерот Мергим Дани.

    Од снимките се слуша како наводноп Дехари ја пцуе Адрита Дани, мајка му на фудбалерот, и ја нарекува ку**а и психопат. Адрита Дани порано беше претседателка на ДУИ во Кичево, а од 2021 до 2024 и директорка на ЈП Студенчица.

    Денеска со соопштение повторно се јави и ВМРО-ДПМНЕ.

    „Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и сексуална злоупотреба. Во јавноста излегоа снимки кои ја откриваат одвратна вистина за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари. Тој малтретирал и сексуално понижувал жени на работно место. Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето.

    Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност.

    И наместо оставка од Дехари и извинување, ДУИ се обидува да го прекрие скандалот нарекувајќи ги снимките како ‘фабрикувани материјали’ и ‘шпекулативни и монтирани снимки’ во обид да ја замајува јавноста.

    Ефтин обид на ДУИ, скандалот да го релативизира и претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот.

    Во тие снимки се слуша како вработените жени се принудени да го бакнуваат дури и да му седнуваат во скут на Дехари. Ова недолично и некултурно однесување на Дехари не заслужува никакво оправдување.

    Дали ова е нивото на кое падна ДУИ, да бранат и поддржуваат функционери кои сексуално малтертираат жени?

    Дали ова е нивото, дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и  семејствата со ваквото однесување? Граѓаните на Кичево и целата македонска јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам. Ниту една жена не смее да биде третирана како објект и на ваков начин. Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и да бидат заштитени.

    Дехари веднаш да поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. ДУИ и жените од ДУИ да го осудат ваквото однесување. Сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените да реагираат јасно и безкомпромисно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Прва самостојна изложба на Стефан Златев на 25 март во Сули – ан

    Ја познаваме како природна убавица, а сега откри што „поправила“ на себе: „Ќе го правам ова до крајот на животот“

    За само седум минути крадци грабнале „непроценливи“ скапоцени камења од Лувр

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.