Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»МВР во јули одзело 332 возила или во просек, по 11 возила секој ден
    Македонија

    МВР во јули одзело 332 возила или во просек, по 11 возила секој ден

    04/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вкупно 332 возила во месец јули биле одземени согласно член 300-б од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопштија денеска во Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници во месец јули констатирале 20.976 сообраќајни прекршоци, а лишени од слобода биле 496 лица за безобѕирно управување на возило.

    „Во периодот од 1 до 31 јули, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување на моторно возило, три за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 13 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, едно лице за возење во забранет правец“, наведено е во соопштението од МВР.

    Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јули евидентирани се 4.694 прекршоци за неправилно паркирање, како и 430 санкции за возење под дејство на алкохол.

    „Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 2.073 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 1829 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 299 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 125 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 44 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, нсведено е во соопштението.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Дали и „Лукоил“ во Македонија потпаѓа под новите американски санкции?

    Македонија и ОАЕ потпишаа меморандум за примена на иновативни модели на управување, можно е воведување на директна авиолинија

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.