Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател
    Регион

    Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

    09/09/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Еврокомесарот Марта Кос остро реагираше на навредите што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати до членовите на Европскиот парламент, кои се појавија на протестот во Нови Сад во петокот. Таа рече дека ваквите напади откриваат сомнително разбирање на демократијата и јасно стави до знаење дека Србија со вакви потези дополнително го урива својот меѓународен углед.
    „Имаме проблем во Белград“, рече Кос по средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер во Виена.

    „Кога членовите на Европскиот парламент се нарекуваат ѓубре, тоа открива сомнително разбирање на демократијата. Изјавите на претседателот Вучиќ и претседателката на Собранието Брнабиќ против ЕУ, исто така, нема да го подобрат угледот на Србија во Европа,рече Кос.

    Комесарот ги потсети властите во Белград на обврските што ги презедоа пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и пред неа лично.

    „Советот за српската влада е јасен – фокусирајте се на реформите што се ветени. Ова значи независно судство способно да се бори против корупцијата, слободни и независни медиуми и изборен закон што гарантира дека само волјата на граѓаните одлучува за мнозинството во парламентот“, рече Кос.

    Таа додаде дека граѓаните имаат право да протестираат, но дека насилството на улиците и актите на вандализам мора да престанат, со очекување дека полицијата ќе дејствува соодветно и со целосно почитување на основните права.

    Вучиќ ги нарече членовите на Европскиот парламент кои присуствуваа на протестот во Нови Сад ѓубриња и ги обвини за брутално мешање во внатрешните работи на Србија. Вичиќ се закани дека сите оние кои, како што рече, се обидуваат да ја уништат Србија однадвор, ќе бидат гонети во согласност со законите.

    Поврзани вести

    Во Србија уапсени петмина онлајн предатори кои им пишувале на деца преку лажни профили и барале интимни фотографии

    02/10/2026

    Новинарите на „Нова.рс“ го критикуваат новото раководство за воведување на режимски новинари и лоши реклами на социјалните мрежи

    02/10/2026

    Германскиот министер Вадефул: „Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа“

    01/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ниту ветар ниту дожд не го спречува Вардар во Сиде (ФОТО + ВИДЕО)

    (Видео) „Неверојатно е дека има 44 години“ – Златан Ибрахимовиќ со видео од сауна ги воодушеви обожавателите

    Шасивари, Сулејмани и Ферати нови предлог-имиња за министри од Влен во реконструираната влада на Мицкоски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.