Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа ја знае вистинската комбинација за да привлече погледи

    21/09/2026

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    21/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ХЕРА: Сите жени да добијат еднаков пристап до безбеден абортус
    Македонија

    ХЕРА: Сите жени да добијат еднаков пристап до безбеден абортус

    28/09/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), деновиве одбележуваат два исклучително значајни датуми поврзани со здравјето и правата на жените, 26 септември- Меѓународниот ден на контрацепцијата и 28 септември- Меѓународниот ден на безбеден абортус и потсетуваат дека правото на жените да располагаат со сопственото тело и да имаат еднаков пристап до безбедни и достапни здравствени услуги е суштински дел од универзалното право на здравје и достоинствен живот.

    Во С. Македонија, медикаментозниот абортус е легален и безбеден метод кој се применува, но е достапен само на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Тоа создава нееднаквост и сериозни бариери за жените кои живеат надвор од главниот град. Од вкупно 2.207 абортуси евидентирани на национално ниво, само 36 % биле медикаментозни, што укажува на ограничена достапност на оваа метода. Сепак, податоците за 2024 година од УГАК во Скопје покажуваат дека 93,5 % од абортусите таму биле медикаментозни, што јасно потврдува висока прифатеност кога постои соодветен пристап до услугата.

    Огранизациите нагласуваат дека и покрај тоа што бројките јасно ја потврдуваат довербата и потребата од оваа услуга, средствата за лекови за медикаментозен абортус за жени од ранливи категории во Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца се намалени за дури 80 %, од еден милион 2023, на 200.000 денари во 2024 година.

    „Со оглед на тоа дека интересот за медикаментозниот абортус постојано расте, неопходно е буџетското финансирање не само да се зголеми, туку и да се овозможи оваа услуга да биде достапна и во другите клиники низ земјата. На тој начин, жените од сите региони ќе имаат еднаков пристап до безбедна здравствена услуга, без да бидат принудени да патуваат во Скопје и да се соочуваат со дополнителни финансиски и логистички тешкотии. Следењето на искуствата од земји како Велика Британија, Франција и Германија, каде што телемедицината веќе е дел од услугите за медикаментозен абортус, покажува дека дигиталните решенија можат значително да го олеснат пристапот, особено за жените во руралните средини“, посочуваат од ХЕРА.

    Истовремено, стапката на адолесцентски раѓања во Македонија изнесува 14,6 на 1.000 девојчиња – речиси двојно повеќе од просекот во земјите од Европската унија. Додека пак, стапка на употреба на модерна контрацепција во Македонија е 21 %, што е двојно помала од Балканските земји со 52 % и тројно помала од развиените земји како Франција, 76 %, Ирска 66 % и Полска 59 %. Иако националното Упатство за семејно планирање постои, ниту едно модерно средство за орална контрацепција не е на позитивната листа, што значи дека жените мораат целосно сами да ги покријат трошоците. Ова претставува сериозна пречка, особено за младите и за жените од ранливи категории, и е една од причините за нискиот опфат со современи методи.

    Подобриот пристап до модерна контрацепција и безбеден медикаментозен абортус спречува несакани и ризични бремености, го намалува бројот на небезбедни абортуси и им овозможува на жените да го планираат својот живот и иднина.

    „По повод 26 и 28 септември, ги повикуваме надлежните институции да обезбедат достапност на модерна контрацепција и ширење на услугата за медикаментозен абортус во целата држава, што е од суштинско значење за подобрување на здравјето на жените и за унапредување на родовата еднаквост. Македонија треба да продолжи да чекори во насока на европските стандарди и да обезбеди еднаков пристап до безбедни и современи здравствени услуги за сите жени, без исклучок,“ велат од организациите.

    Поврзани вести

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    18/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа ја знае вистинската комбинација за да привлече погледи

    21/09/2026

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    21/09/2026

    Грчка пратеничка бара истрага за наводни онлајн повици за вооружување на Македонците во Леринско

    20/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мултимедијалната изложба „Реминисценции“ на Страхил Петровски на 30 декември во Њујорк

    Никола Мемов: Потребна е реформа на пензискиот систем, нема проблеми во редовното исплаќање на пензиите

    Србија без Ѓоковиќ е никој и ништо, ја чека борба за опстанок

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.