Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Бијонсе и Џеј-Зи блеснаа заедно на настан: нивниот необично нежен однос привлече посебно внимание

    27/10/2026

    Том Брејди повторно е вљубен: По убавата Жизел, тој сега е со оваа прекрасна манекенка

    27/10/2026

    Срдановиќ повика на смиреност и достоинство, откако група граѓани влезе во медиуми блиски до Вучиќ

    27/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Студентите пријавуваат неправилности на испити, лоши услови во домовите и доцнење на стипендиите
    Македонија

    Студентите пријавуваат неправилности на испити, лоши услови во домовите и доцнење на стипендиите

    26/10/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Неусогласен износ на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, прекини на струја и вода во студентските домови, доцнење на стипендиите, скап меѓуградски превоз и неправилности при полагањето испити се само дел од проблемите со кои се соочуваат студентите во земјава. За шест месеци, преку независната студентска платформа „Студентарија“ биле доставени над 700 пријави, а повеќе од 1.200 студенти дополнително гласале за пријавените проблеми. Овие податоци беа презентирани на денешната прес-конференција на која претставници на платформата ги соопштија клучните наоди и препораки од проектот „Дигитален студентски глас“.

    Како што посочи Ана Шоповска од „Студентарија“, студентскиот стандард не подразбира само финансиска поддршка и услови за студирање, туку и навремено информирање и функционална комуникација со институциите.

    „Студентите бараат информации преку социјалните мрежи. Од сите пријави добиваме појасна слика за проблемите. Студентскиот стандард е и прашање дали студентот ќе добие одредена информација и дали институциите ќе му одговорат навреме“, посочи Шоповска.

    Гоше Николов, пак, објасни дека при анализата на пријавите не се воделе само од бројот на поплаки туку и од природата на проблемите и институционалните пречки со кои се соочуваат студентите. Анализата покажала шест области во кои проблемите се највидливи, а меѓу најчесто пријавуваните е субвенционираниот студентски оброк. Иако износот на оброкот изнесува 140 денари дневно, тој не е зголемен ниту еднаш од 2023 година и покрај законската обврска за негово усогласување со инфлацијата, тврдат од платформата.

    „Студентите добиваат иста поддршка од државата, но она што можеле да го купат со тие пари во 2023 година, денес можат само да го сонуваат. Тие не бараат ништо повеќе од тоа да се почитува законот“, вели Николов. Според него, дополнителен проблем е прекинувањето на правото на субвенциониран оброк поради ненавремено доставување податоци од факултетите до Министерството за образование и наука (МОН).

    „Лани секој месец на стотици студенти им беше прекинувано правото на оброк не по нивна вина. Факултетите не ги доставуваа навреме потребните податоци, па студентите остануваа без финансиската поддршка по еден или два месеца поради туѓ пропуст“, рече Николов.

    Меѓу пријавените проблеми од студентите се студентските домови. Станарите рекле дека се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, вода и греење.

    „Не зборуваме за тоа дали собите се модерни или комфорни. Зборуваме за основни услови за живот, вода, струја и греење. Во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, станарите среде зима останаа без струја повеќе од 30 часа, и тоа за време на испитна сесија. Не можеа да учат, да се тушираат, а наместо свежа добиваа добиваа конзервирана храна“, посочи Николов.

    Студентите пријавувале и недостиг од транспарентност при приемот во студентските домови. Иако МОН ги објавува списоците на примени студенти, не ги наведува освоените бодови, што, според претставниците на „Студентарија“, е спротивно на предвиденото во правилникот и отвора сомнежи во начинот на распределба на местата.

    Доцнењето на стипендиите е уште еден проблем за кој студентите доставувале пријави. Освен ненавременото објавување на резултатите од конкурсите, тие се жалат и на задоцнетата исплата. Според презентираните информации, стипендиите за претходната академска година на студентите им биле исплатени дури во август, кога веќе ги завршиле академските обврски.

    Во однос на превозот, најголем дел од поплаките се однесувале на зголемените цени на меѓуградскиот транспорт и недостигот од поволности за студентите. Посебно чувствителни се и пријавите поврзани со односот на професорите кон студентите, начинот на спроведување на испитите и критериумите за оценување.

    „Студентите пријавуваат нејасни критериуми за оценување, испитни прашања што не биле опфатени со материјалот за подготовка, но и фаворизирање одредени студенти. Кога ќе ги ставиме сите овие области заедно, доаѓаме до заеднички заклучок, правото постои на хартија, институциите постојат, но решенија за студентските проблеми нема“, истакна Николов.

    Александар Николовски од платформата ги презентираше препораките за надминување на проблемите, меѓу кои е и итно усогласување на износот на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата.

    „Потребно е да се воведе бесплатен превоз градски. Студентите во Охрид, Прилеп, Тетово, немаат такво право. Во однос на меѓуградскиот превоз, потребно е конечно Министерството за транспорт и врски, заедно со МОН да ја исполнат обврската од Националната стратегија за млади во која е наведено дека за студентите и средношколците ќе има обезбеден превоз. Свесни сме дека железнички превоз речиси и да немаме. Потребна е и поголема транспаретност при прием во студентски домови. Меѓу препораките е и поголема транспарентност во постапките за прием во студентските домови, преку јавно објавување на освоените бодови, со што студентите би имале увид во начинот на рангирање и распределба на местата“, кажа Николовски.

    „Дигитален студентски глас“ е проект што е поддржан преку грантовата шема Digital Spark, во рамките на Regional Support Mechanism EECA, кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative (DDI). Дигиталната платформа овозможила студентите да ги наведат проблемите со кои се соочуваат. Следниот чекор, според препораките, е надлежните институции да преземат конкретни мерки, да ги подобрат постапките и транспарентно да известуваат за решавањето на пријавените проблеми.

    Студентските протести во Србија се лекција за Македонија

    Она што во моментов го гледаме во Србија е силен пример за тоа колкаво влијание можат да имаат младите кога се организирани, истрајни и активно учествуваат во општествените процеси, кажа Гоше Николов одговарајќи на новинарско прашање по вчерашната победа на Студентската листа – Студентите победуваат, на вчерашните вонредни парламентарни избори во Србија.

    „Ако нешто можеме да извлечеме како поука за Македонија, тоа не е дека треба да копираме нечиј модел на протест или политичко организирање. Поуката е дека студентите треба да бидат активни, информирани и организирани, да бараат одговорност и да ги користат сите демократски механизми што им стојат на располагање“, кажа Николов.

    Поврзани вести

    Цената на бензините се намалува, а на дизелот останува иста

    26/10/2026

    Тинејџер од Тетово застрелал малолетник во стомакот, па се предал во полиција

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Бијонсе и Џеј-Зи блеснаа заедно на настан: нивниот необично нежен однос привлече посебно внимание

    27/10/2026

    Том Брејди повторно е вљубен: По убавата Жизел, тој сега е со оваа прекрасна манекенка

    27/10/2026

    Срдановиќ повика на смиреност и достоинство, откако група граѓани влезе во медиуми блиски до Вучиќ

    27/10/2026

    Кремљ го поддржува Вучиќ и покрај изборниот пораз, студентската победа ја загрижува Москва

    26/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Политиката често размислува краткорочно, имаме обврска да го смениме тој пристап

    Николоски: Присуството на лидерската средба е доброволен чин, парламентарни избори во 2028

    Тројца краделе кабли во „Железара“, добија кривични пријави

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.