Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026

    Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

    20/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти
    Македонија

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Мал престап жени убива, брат“, „Кој ви даде право да не убивате?“, се само дел од транспарентите со кои денеска пред Владата, учесниците ги истакнаа против фемицидите, родово базираното насилство и институционалните пропусти во заштитата на жените во Скопје. Блокадата ја организираше иницијативата „Ниту една повеќе“.

    Учесниците во блокадата бараа поголема институционална одговорност и конкретни мерки за заштита на жените од насилство бидејќи навременото постапување по пријавите е од клучно значење за спречување нови трагедии.

    На блокадата пред Владата пред присутните зборуваше Бети Ангеловска, мајка на Емилија од Битола, која кажа за насилството низ кое поминала нејзината ќерка и за тоа дека во случајот нема институционална заштита. Ангеловска побара Јавното обвинителство темелно да ги прегледа телефоните на нејзината ќерка, кои се одземени за вештачење.

    Фото: Порталб.мк

    Од Иницијативата бараат институциите итно да ги усвојат измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, поднесени на 26 август во Собрание најдоцна до 10 декември 2026 година.

    „Бараме финализирање и усвојување на пакетот измени на осум закони, за кои беше формирана работна група во Април 2026 година меѓу кои Законот за полиција и Законот за семејство кои треба да обезбедат поефикасна институционална заштита и подобра координација меѓу полицијата, социјалната заштита, правосудството и другите институции. Бараме обезбедување конкретни буџетски средства во Буџетот за 2027 година, вклучително и најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство и превентивни програми за третман на сторителите. Усвојување и јавно објавување на заклучоците од собраниската надзорна расправа за родово базираното насилство, со конкретни институционални задолженија, рокови и механизми за следење“, наведено е во најавата за блокадата.

    Освен тоа, од Иницијативата бараат и повлекување на регресивните измени во: законите за основно образование и учебници  за основно и средно образование усвоени во април 2025, упатството за заштита од насилство во основно образование (усвоено јули 2025) и програмата за сексуално образование, со кои е ослабена заштитата од дискриминација, родовата еднаквост и превенцијата од родово базирано насилство, како и враќање на сексуалното образование. Исто така, активистите бараат и итно утврдување индивидуална и институционална одговорност за сите случаи на фемицид, вклучително и последниот случај со 17-годишната девојка од Богданци. Бараме независни проверки на постапувањето на надлежните институции и конкретни последици за утврдените пропусти.

    Поврзани вести

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    Од денеска МЕМО овозможува тргување со негативни цени на пазарот на електрична енергија

    19/11/2026

    Меѓународен филозофски фестивал за средношколци на 24 ноември во Скопје

    19/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026

    Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

    20/11/2026

    Сплит откажа концерт на Дино Мерлин, граѓаните бараа со парите за хонорарот да се купи ПЕТ скен уред

    20/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Во фустанот на мајка ѝ од 1996 година таа покажа дека е најубавото бебе на познати личности

    Сите бугарски европратеници се обединија во заедничко писмо: нема менување на преговарачката рамка за Македонија

    Нема веќе трошење на државни пари во С.Арабија: Продаден Ал Хилал!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.