Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Скопјани почнаа да дишат загаден воздух и пред почетокот на грејната сезона
    Македонија

    Скопјани почнаа да дишат загаден воздух и пред почетокот на грејната сезона

    09/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Скопјани почнаа да дишат загаден воздух и пред почетокот на грејната сезона. Деновиве, со намалувањето на температурите, концентрациите на ПМ 2,5 честичките во повеќе општини ја надминуваат максимално дозволената граница, а високи се вредностите и на ПМ 10 честичките. Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух на Министерството за животна средина, во последните три дена концентрациите на ПМ 2,5 биле повисоки од 25 микрограми на кубен метар на две од четирите локации каде што се мерат, во Гази Баба и во Карпош, а државниот мониторинг во моментот не дава податоци за мерните места кај Ректорат, Лисиче и Ѓорче Петров.

    Загадување со ПМ 2,5 над дозволените граници во последните денови регистрираат и мерните места во Гостивар и Куманово. Во Тетово, пак, вредностите достигнуваат и до 39 микрограми, а овој град, деновиве е шампион и по концентрации на ПМ 10 кои надминуваат 75 микрограми на кубен метар. Во Скопје, пак, мерните места Лисиче и Ректорат деновиве регистрирале најголемо загадување на воздухот со ПМ 10, речиси на максималната граница од 50 микрограми.

    Според податоците од Министерството за животна средина, среднодневната вредност за РМ 10 не смее да надмине 50 μg/m³ повеќе од 35 пати во календарската година, а просечната годишна вредност не смее да надмине 40 μg/m³.

    Сепак, лани на сите мерни места во земјава, освен во Лазарополе, биле загадени повеќе од 35 дена во годината. Најлошо било во Струмица, каде 108 денови имало загадување со среднодневна вредност над максимумот од 50 микрограми. Слично било и во Кавадарци и Кичево со 105 денови, Лисиче 104 и Центар со 101 ден.

    Што се однесува до просечната годишна концентрација на ПМ 10, таа е надмината на девет мерни места, од вкупно 17 за кои Државниот мониторинг има податоци. Највисока била во Лисиче 49 микрограми на кубен метар, во Кичево 47, Струмица 46,9 и во Кавадарци 46 микрограми.

    Просечната годишна вредност на PM2.5, пак, не смее да надмине 25 µg/m³. Сепак, во 2025 година, покажуваат анализите од Државниот моноторинг, на десет локации низ земјата, од вкупно 18 каде што се мерат ПМ 2,5 оваа вредност била надмината. Најзагадено било во Кичево со просечна вредност од 31 миктограми, Струмица со 29 и Гостивар со 27 микрограми. Во Скопје, највисока просечна концентрација на ПМ 2,5 во минатата година била измерена во Лисиче, 27,7 и во Карпош 26,6 микрограми.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска во Дубаи на Глобалниот форум за владини регулативи и правда: Да изградиме институции што дишат

    Многу блиску сме до одлука сами да го градиме „Чебрен и Галиште“, вели премиерот

    Бројот на заболени од рак на грлото на матката расте, ХПВ вакцина и скрининг се клучни за превенција

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.