Автор: Редакција
Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи. Од почетокот на оваа година до октомври регистрирани се 115 жртви, а во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, е црниот биланс на македонските патишта. Министерството за внатрешни работи апелира возачите да бидат внимателни, да не дозволат мобилните телефони да им го одземаат вниманието, да не возат под дејство на алкохол и да не ја надминуваат максималната брзина. „Не смееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење. Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со…
На 22 Ноемвриво салата на Македонска Филхармонија во оваа за нив јубилејна година 30 години постоење ќе настапи групата Фолтин.Концертот е во организација на МГ Мјузик Продукција.Билетите се во продажба на мрежата на Karti.com.mkГрупата “Фолтин” е основана во 1995 година во Битола. Нејзиниот изворен јазик е повеќе уметнички и експериментален, а текстовите се фонетска имитација на неколку природни јазици од медитеранскиот регион, што тие самите го нарекуваат “спонтан есперанто”. “Псевдо-емигрантско кабаре” е нивниот карактеристичен звуковен амалгам на жанрови, од традиционална музика преку електроника до рок, и визуелен израз што вклучува елементи на кабаре и на перформанс. Подоцна, со текстовите на…
„Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничен тунел од коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија – голем чекор напред во соработката меѓу двете земји кој промовира добрососедски односи. Покрај развојот на билатералните врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност“, нашиша на Х Антонио Кошта.„Бугарија и Северна Македонија се согласија да ја продолжат работата на коридорот 8. Клучен проект што ги поврзува Јадранското Море со Црното Море преку пат и железница. Ова е важен чекор во градењето доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и контакти меѓу луѓето“, напиша Марта Кос.
Филип Талески пред една недела потврди дека во иднина нема да го гледаме во дресот на Вардар 1961. Македонскиот репрезентативец си замина од редовите на „црвено-црните“ на негово барање, а причинат за сега не е позната, единствено што е сигурно е дека клубот не ги исполнил неговите очекувања.Талески беше гостин во емисијата „Вистина или не“ на Канал 77, а таму зборуваше за Филип Кузмановски со кого долго време не зборува, како и за Македонија, поточно за Кирил Лазаров, но и за неговите идни планови, во нив нема место за Пелистер.За Кузмановски кажа дека не зборува со него зошто му направил…
Неделата што претстои, од 10 до 16 ноември, носи исклучителен финансиски успех за три хороскопски знаци, но патот до успехот не лежи во ризични инвестиции. Наместо да се фокусирате на брза заработка, ѕвездите ве советуваат да го забавите трошењето, да го преиспитате вашиот буџет и да се посветите на долгорочни цели. Сега е време да се фокусирате на подобро управување со она што веќе го имате, наместо да преземате брзи чекори. Важно е да се направи разлика помеѓу управувањето со финансиите со интегритет и едноставното преживување. Енергијата што ја вложувате е исто толку важна како и самиот буџет. Да бидете…
„Од Чаир до Тетово, Вреди успеа да победи во десет општини во Северна Македонија. Моите двајца пријатели, Изет и Билали, триумфираа со заслуга, бидејќи со конкретни проекти и чесна работа. Првиот во првиот круг, вториот две недели подоцна, но двајцата победија, со голема разлика.Успехот на локалните избори е потврда за доброто управување на Вреди, за волјата за промени на Албанците и голема шанса за реформи во Северна Македонија.Во првите 15 месеци на власт, Вреди владееше со чисти раце, без корупција и скандали, правејќи етичка разлика со претходните влади. Токму овој дух на промени донесе отворена и повеќедимензионална соработка меѓу Косово…
Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск, доби одобрение од акционерите за најголемиот пакет за корпоративни плати во историјата, бидејќи инвеститорите ја поддржаа неговата визија за претворање на производителот на електрични возила во гигант за вештачка интелигенција и роботика. Предлогот беше одобрен со поддршка од над 75 отсто, а Маск скокна на сцената на годишниот состанок на компанијата во фабриката во Остин, Тексас, во придружба на танцувачки роботи. Маск, кој веќе е најбогатиот човек во светот, би можел да добие акции од дури 1 билион долари во текот на следната деценија, иако потребните плаќања би ја намалиле вредноста на 878 милијарди…
Некои хороскопски знаци едноставно не можат да останат рамнодушни кога ќе се соочат со неправда – тие се раѓаат со внатрешен компас што ги тера да реагираат и да се борат за подобар свет. ♈ Овен Овните реагираат веднаш кога ќе видат неправда – не калкулираат, не молчат и не се кријат зад тишина. Тие имаат силно чувство за чесност и не поднесуваат кога некој злоупотребува моќ или ги гази послабите. Нивната борба за правда е директна и гласна, често инспирирајќи и други да проговорат. ♏ Шкорпија Шкорпиите прво ја анализираат ситуацијата, ги истражуваат мотивите, па дури потоа ја разобличуваат…
Се мијат плоштадот Македонија и кејот на Вардар, а започна и чистење на депонијата Варадриште, која, според новиот градомначалник Орце Ѓорѓиевски ќе биде нова зелена површина. Тој, синоќа, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, сите скопски градоначалници и со јавните претпријатија, ја започна првата активност од својот мандат, чистењето на главниот град за 72 часа. На паркинзите пред салата „Борис Трајковски“, Ѓорѓиевски ја собра сета механизација и работници кои ќе учествуваат во акцијата, направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат градот. „Ги мобилизираме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека е можно Скопје да биде чист, достоинствен…
По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели:„Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“Следуваат кадри од детството на Џексон, неговите легендарни настапи и видеа, меѓу кои и „Трилер“, додека во позадина свири хитот „Вана би стартин самтинг’“ од 1982 година.Филмот го прикажува патот на Џексон од детска ѕвезда до светска икона, со…
