Автор: Редакција
Кога поголемиот дел од медиумите во Македонија објавија дека Смедеревка од Балканот од половина евро во Франција се продава како бургундско вино за 250 евра, ретко кој се посомнева во прказната. Не е ни прв, ни вторпат, локалните ресурси да бидат поуспешно искористени од странски компании. Веднаш тргнаа дискусиите за ајварот, алшарот… Инаку веста на онлајн винскиот магазин „Вино и фино“ од Србија прво ја пренесоа неколку српски медиуми, но македонските медиуми веднаш масовно ја прифатија и разгласија. Грмнаа наслови: „Скандал во Франција: македонска смедеревка продавана како бургундско вино за 250 евра по литар!“, „Француски вински скандал – македонска смедеревка…
Протесното движење „Кој е следен?“ ќе присуствува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот што Собранието ја закажа за 9 декември 2025 година. Единствена точка на дневниот ред ќе биде претставката поднесена од здружението на родителите од Кочани „16-ти Март“, со која тие бараат утврдување политичка одговорност и измени на законските решенија со цел да се спречат идни трагедии од ваков тип. Во пресрет на седницата, движењето „Кој е следен?“ најави дека во сабота, 6 декември, во 18 часот ќе одржи јавен онлајн состанок. „Во ова излагање сакаме да вклучиме ставови и барања…
Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо и пејачката Кејти Пери се чини дека и официјално ја потврдија својата врска во она што обожавателите го нарекоа „најлудото јавно признание во историјата на слободниот свет“. Трудо и Пери позираа со јапонскиот политичар Фумио Кишида и неговата сопруга Јуко. Фотографијата ја објави на социјалните мрежи член на јапонскиот Претставнички дом, веројатно несвесен дека потврдува една од најнеочекуваните врски во годината. Трудо бргу ги зеде работите во свои раце споделувајќи ја објавата со пораката: „Убаво е што се запознавме @kishida230. Кејти и јас сме толку среќни што имавме можност да се дружиме со тебе и…
Македонскиот фудбалски шампионат, денеска го добива својот есенски шампион. Лидерот, екипата на Вардар денеска го игра својот последен дуел есенва, кој што е дел од 16. Коло од ПМФЛ шампионатот, и евентуалниот триумф против тимот на Македонија ЃП на гостински терен од 13:00 часот значи презимување на лидерската позиција.Секако, од „сенка“ чека тимот на Струга ТЛ кој што чека кикс на Вардар, но тоа го прави на гостувањрто кај Тиквеш во Кавадарци во истиот термин.„Свесни сме за ситуацијата во која што се наоѓаме. Знаеме добро што значи овој дуел за клубот, за нас како екипа, за навивачите, за сите. Затоа…
Џенифер Лопез повторно нè почасти со совршен стајлинг и покажа дека може да биде многу секси, особено по жешката најава за тоа што следи. На гала вечерта на „The Hollywood Reporter’s Women 2025“ во Беверли Хилс, таа носеше облека во најпопуларната боја на сезоната – чоколадна. За оваа посебна пригода, познатата Џеј Ло носеше монохроматска облека со лабав крој и не го истакнуваше струкот, ниту ги откриваше совршените стомачни мускули, а сепак беше „толку проклето секси“, како што многумина коментираа за ова нејзино појавување – со и без очила за сонце. View this post on Instagram A post shared by…
Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот. На нејзиниот инстаграм-профил често можеме да видиме фотографии од атрактивни и донекаде провокативни облеки, но таа секогаш наоѓа време да објави компилација од семејни фотографии. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Таков беше случајот и овој пат кога ги извести своите многубројни обожаватели дека е на одмор со своите деца и сопругот. Георгина уживаше во сончевите денови и семејните моменти, но насловната фотографија од оваа објава привлече најголемо внимание. View…
Во Шибеник, Хрватска во рамките на Деновите на македонската култура, во тек е изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски (2-8 декември 2025 година). Организатор на настанот е Хрватско-македонска тангента, со покровителство на Советот за национални малцинства на хрватската влада.На отворањето присуствуваа многубројни граѓани и личност од хрватскиот (шибенскиот) естаблишмент. Посебно е поздравена ликовната рецензија која ја напиша реномираниот македонски писател Томислав Османли.„Треба да се има на ум целото богатство на еден визионер на световите во допир кога се гледаат неговите слики во комбинирана техника, форми и колорити, раскошниот свет на Сашо Георгиевски, кој во оваа прилика ни…
Многу познати личности блеснаа на годишната гала-вечер на списанието „Холивуд рипортер“. Покрај зачудувачката Дакота Џонсон, и актерката Гвинет Палтроу не ја пропушти можноста да биде видена. Интересно е што и Дакота и Гвинет донесоа минималистички комбинации за оваа празнична пригода и, следејќи ги нивните примери, можеме да заклучиме дека редуцираните креации повторно се пожелни. Гвинет блесна на црвениот тепих во фустан со рамен крој. Лежерниот фустан во боја на слонова коска ја истакна нејзината вита фигура и го нагласи опуштениот стил што го негува со години. Сепак, не беше сè толку едноставно при изборот на модни парчиња. Дел од облеката,…
Дакота Џонсон е позната по тоа што ги обожава црните фустани од тантела, кои многу се истакнуваат, но овој пат реши да сврти сè и да ја покаже својата друга, софистицирана страна. Прекрасната бринета неодамна присуствуваше на гала-вечер на списанието „Холивуд рипортер“, годишен настан посветен на жените. За оваа свечена пригода таа одлучи да облече минималистичко парче облека или, поточно, мало црно фустанче, што секоја жена го има во својот гардеробер. Станува збор за фустан со рамен крој, кој ја следи линијата на телото и ѝ ја нагласува витата фигура на актерката. Стилот го надополни со дискретни додатоци, шминка во…
На домашната одбојкарска сцена изминативе денови се одигра скоро комплетното 8. коло во Првата лига во машка конкуренција. Највозбудливиот натпревар, како и што се очекуваше, се одигра во Велес, каде екипата на ГОК Борец му даде достоен отпор на нашиот европски претставник Штип УГД успевајќи да освоие еден сет, но не и да направи комплетно изненадување. Штипјани заминаа со трите бода и од ова гостување и остануваат самоуверено на лидерската позицијата на табелата.Шампионост Струмица со максимален резултат го совлада тимот на Сушево, додека во градското дерби во Тетово, екипата на Лирија беше подобра од Шкендија победувајќи со 3:1.ПРВА ЛИГА –…
