Автор: Редакција

Лидерите на државите од Европската Унија денеска ќе одржат видеоповик за војната во Украина, додека Доналд Трамп изрази нетрпение кон европските сојузници и го стави во прашање учеството на САД во понатамошните разговори, велејќи дека губат време. Во услови на хаотични американски напори за протуркување мировен договор, американскиот претседател изјави во среда вечерта: „Разговаравме за Украина со прилично силни зборови“, кога беше прашан за претходниот телефонски разговор со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Американскиот претседател додаде дека Европејците сакаат да одржат нови разговори овој викенд, но предупреди дека ризикуваат само да изгубат…

Read More

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од National Geographic Documentary Films, продолжува да го зацврстува својот меѓународен успех. Филмот, во режија и продукција на Тамара Котевска заедно со директорот на фотографија и продуцентот Жан Дакар (Jean Dakar), доби уште едно од најзначајните признанија во документарниот свет, номинација за PGA Awards (Producers Guild of America) во категоријата Outstanding Producer of Documentary Motion Pictures.Ова признание има особена тежина затоа што PGA наградува автори кои преземаат повеќе функции во создавањето на филмот и се изложуваат на големи и често надчовечки напори за да реализираат автентично документарно дело. Во документарниот свет,…

Read More

Одржувањето на хигиената во кујната никогаш не треба да биде на дното на вашата листа, а рерната има посебно место на таа листа. Многу домашни работи не се на нашата листа на омилени, а мрсна и валкана рерна е секако најлошата ноќна мора кога ќе дојде време да ја триете. Сепак, не треба да ја занемарувате, ако не поради друга причина, тогаш барем поради вашето здравје. Треба да ја чистите вашата рерна најмалку еднаш на секои три месеци, иако ова зависи и од тоа колку ја користите и колку е валкана, па во зависност од тоа, вие го избирате времето.…

Read More

Американските сили запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, во голема ескалација на четиримесечната кампања за притисок на Доналд Трамп врз диктаторот на јужноамериканската земја, Николас Мадуро, чија влада го нарече запленувањето чин на меѓународно пиратство. Трамп ја потврди операцијата во средата, велејќи: „Тукушто запленивме танкер на брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што некогаш е запленет“. „Запленет е од многу добра причина“, додаде американскиот претседател, одбивајќи да каже кој е сопственик на бродот. Пам Бонди, главниот обвинител на САД, објави снимка од запленувањето на X. Видеото од 45 секунди ги прикажува американските сили како…

Read More

Синоќа нешто пред полноќ, додека траеше епизода во живо на подкастот на Инофмакс, „Тешки муабети“, некој се обиде насилно да влезе во нивното студио и физички да се пресмета со водителите Милош Милошевски и Александар Митовски, додека како редовен гостин во студиото беше поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Хронолошкиот тек на настаните опфаќаше повеќе важни елеменити, при што важно е да се напомене дека во 25-тата минута од подкастот, Александар Митовски му вели на еден од гледачите што коментираа во живо: „Абе слушај бе да ти кажам тебе една работа, прееска те гледам ни слика си ставил ни ништо, еден фолвер,…

Read More

„Во изминатиов период се крена прашина, особено од страна на опозицијата, иако тоа нема никаква врска со реалноста или логиката, дека Македонија треба да претставува некаков хаб центар или погодна почва за прифаќање на мигранти, кои не би биле прифатливи за ЕУ или за земји коишто се традиционални пријатели на Македонија, како што е Велика Британија“, нагласи Тошковски.Тој потенцира дека за вакво нешто ниту е размислувано, ниту е разговарано од страна на Министерството за внатрешни работи, ниту пак би било прифатливо за државата.„Овде само би сакал да го потенцирам она што денеска го говореа и претседателката и премиерот, а претходно…

Read More

Младиот бисер на Барселона, Ламине Јамал, додаде уште еден неверојатен рекорд во својата колекција. Во победата на Барселона од 2-1 над Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите, Јамал го престигна Килијан Мбапе со асистенција за победничкиот гол и стана играч под 18 години со најмногу наместени во голови во историјата на натпреварувањето, објавува Goal.com.Со асистенцијата за победничкиот гол на Кунде, Јамал стигна до бројката од 14, седум гола и седум асистенции, во Лигата на шампионите. Со тоа, 18-годишникот го надмина претходниот рекорд на Килијан Мбапе.Французинот имаше 13 голови како тинејџер (десет гола и три асистенции). Со оглед на тоа што…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп неодамна присуствуваа на 48-то доделување на наградите „Kennedy Center Honors“ во Вашингтон. Признанието се доделува на музичари, актери, режисери и танчери кои направиле значајна разлика во културата и уметноста преку својата работа. Вниманието на јавноста на црвениот тепих, особено на модните критичари, го привлече првата дама на Соединетите Американски Држави, која блескаше во монохроматска облека. Меланија носеше црн макси фустан од Живанши, која има прав крој и е совршен пример за минималистички стил на облекување. Овој стил е соодветен за церемонијата на која присуствуваа претседателот и неговата сопруга, а модните критичари…

Read More

Со доделувањето на наградите во Официјалната и СЕЕ селекција се затемнува платното на овогодинешниот Cinedays. По седум интензивни филмски денови публиката имаше можност да погледне повеќе од 50 филмови, но за наградите на фестивалот се натпреваруваат осум во официјална конкуренција и шест во СЕЕ селекцијата.„Имавме прекрасен фестивал и буквално „Се гледаме од другата страна“ со сите предизвици кои ни следеа во подготвителниот период. Филмската магија не покори и нас како организатори и гостите кои беа бројни и на ова издание. Сега сме во очекување на имињата на добитниците на наградите кои вечер ќе ги соопштат жири комициите во двете конкуренции“…

Read More

Мајли Сајрус и Макс Морандо се верија по 4 години врска, а пејачката ја потврди добрата вест за списанието People. Кратко потоа, таа се појави во ток-шоуто на Џими Кимел, каде што зборуваше за деталите од нејзината свршувачка, како и за бизарната причина зошто рекла „да“. Таа истакна дека има страв од хартија, но дека нејзиниот иден сопруг ѝ помогнал да ја надмине фобијата (привремено – додека не го потпише венчалниот лист). „Мразам хартија“, рече таа, додавајќи дека особено мрази кога луѓето имаат суви раце во текот на зимата и допираат хартија. „Тоа е фобија, мислам дека навистина ми треба…

Read More