Автор: Редакција
Српскиот кошаркар и центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ги сподели своите впечатоци по уште една победа за тимот на Колорадо.Денвер ја продолжи својата победничка серија во НБА и се врати од Њу Орлеанс со важен триумф. Нагетс ги победија Пеликанс со 125:118 и го зголемија својот резултат на 11-3, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција веднаш под врвот на Западната конференција.Никола Јокиќ повторно беше централна фигура на натпреварот. Српскиот центар го заврши натпреварот со 28 поени, 11 скока и 12 асистенции, остварувајќи уште еден трипл-дабл по ред.По победата, тој застана пред медиумите и ја искористи можноста да го пофали соиграчот…
Иако можеби немате проблем да привлечете мажи, на крајот сите ве напуштаат и не знаете зошто. Ова навистина може да ве повреди, бидејќи е форма на отфрлање – а кој сака да биде отфрлен? Иако на сите им е јасно дека не можете да ги привлечете сите мажи, дефинитивно сакате да бидете сигурни дека не ги отфрлате добрите. Па, барајте знаци дека можеби потсвесно го правите токму тоа. 1. Ја преземате неговата улога Живееме во општество каде што жените навистина ги промениле своите традиционални улоги. Ова е одлично, но како резултат на тоа, многу мажи сè повеќе се чувствуваат помалку…
Новата кампања на граѓанските организации кои работат на унапредување на здравствената заштита „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ потсетува дека игнорирањето на превенцијата има висока цена за жените, за семејствата и за целиот здравствен систем, пишува ОКНО. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со партнерските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ – Заедно посилни и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари ја започнуваат националната кампања „Кога се штеди на превенција – последиците се скапи“. Кампањата е јавен повик за…
„Куќата на границата“ на Регионалниот театар од Нови Пазар е на репертоарот на вториот ден (20.11.2025) на МОТ, дело на Славомир Мрожек, во режија на нашиот Андреј Цветановски.„Куќа на граница е приказна која зборува за една фамилија која сака само да живее мирно, и одеднаш во нејзиниот дом се појавуваат дипломати кои сакаат да нацртаат граница која поминува насред куќата. Звучи познато нели? Оваа фамилијарна драма зборува за одземање сé што имаат, сонуваат, зборуваат и замислуваат, се додека не останат без ништо. Низ оваа горка комедија ќе видите многу паралели со начинот на кој денешниот свет функционира“ – вели Цветановски.Претставата…
Да се знае кој е кој. „Атлетик“ претстави амбициозен проект, „Сокер 100“ – сеопфатна листа на 100-те најголеми фудбалери во историјата. Рангирањето е составено од група истакнати фудбалски новинари, а конечниот ранкинг предизвика огромен интерес кај навивачите ширум светот. На врвот на листата е – очекувано или не – Лионел Меси. Според „Атлетик“, Лионел Меси го освои првото место како „најголемиот што некогаш играл“. На втората позиција е Диего Марадона, а трет е Пеле. Првите 10 изгледаат вака:Лионел Меси Диего Марадона Пеле Јохан Кројф Кристијано Роналдо Алфредо Ди Стефано Франц Бекенбауер Зинедин Зидан Ференц Пушкаш Мишел Платини
Синоќа, на големата сцена во Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта, Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата.Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во Будимпешта. Гостувањето на „Ничија земја“ е првиот резултат од оваа соработка и е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции. Веќе напролет, Националниот театар ќе возврати посета со гостување во МНТ.„Со директорот на Националниот театар во Будимпешта, Атила Видњански веднаш се препознавме. Двајцата…
Познатата Софија Вергара често е мета на папараците, особено кога посетува престижни ресторани во Лос Анџелес, обично во друштво на своите пријатели и семејство. Нејзиниот стил е секогаш мета на коментари и под будното око на корисниците на социјалните мрежи, а сведоци сме дека таа избира широк спектар на комбинации на облека за вечерни излегувања во ресторани. Секогаш е женствена, обично во форма на фустани или парчиња со длабоко деколте, но овој пат се одлучи за малку полежерна верзија. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Таа беше фотографирана на вечера со Ева Логорија и…
„Разговаравме за реформските процеси, за посветеноста на Владата и за носењето на законите што се составен дел од овој процес. Во фокусот беше и справувањето со заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Комесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на државата и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на нив по локалните избори“, напиша Муцунски.Денешната вечера што високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас ја организира во Брисел за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство од Западниот Балкан, меѓу кои…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет утре напладне ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година, најави потпретседателката на Комисијата Јованка Тренчевска затворајќи го вториот ден од дебатата по амандманите.Во тек на денешната расправа беа разгледани и отфрлени дестина амандмани, со кои пратениците бараа дополнителни средства за Министерството за односи меѓу заедниците, за Министерството за европски прашања, за Агенцијата за остварување на правата на заедниците, за Агенцијата за иновации, за повисоки плати во полицијата, …За Предлог-буџетот за 2026 година се поднесени околу 200 амандмани.Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а…
Во организаицја на Фондацијата Метаморфозис, а во соработка со Интернешенал ИДЕА, денеска во Скопје, во рамки на деновите на медиумска писменост, беше презентиран извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ за време на изборите во Северна Македонија“. Документот е изработен според меѓународна методологија која се применува при изработка на слични извештаи во партнерство со организации и во Молдавија, но и во Сенегал и Брегот на Слоновата коска. Главната цел на оваа активност е да ги идентификува факторите кои овозможуваат ширење на дезинформации и манипулации преку странско влијание за време на изборни процеси, како и да ги препознае структурните слабости кои ја…
