Автор: Редакција
Туристичкиот центар „Попова Шапка“ се соочува со уште една неуспешна сезона, бидејќи сè уште нема ништо конкретно од ветувањата и најавите на властите за странски инвестиции. Не е потпишан ниту договор со Италијанците и сè уште нема ништо конкретно од другите најавени милионски инвестиции, пишува Порталб.мк. Иако за неколку недели се очекува да започне туристичката сезона во Попова Шапка, досега нема потпишан договор со странски инвеститори за инвестиции во овој центар. Поминаа две и пол години од презентацијата на италијанската инвестиција и и покрај бројните ветувања и изјави од властите, сè уште не е потпишан договор со италијанскиот инвеститор за…
СДСМ денеска објави дека министерот за земјоделство Љупчо Трипуновски испратил „празни страници“ како одговор на нивното официјално писмено барање за информации поврзани со суспензијата на ИПАРД програмата. Од партијата посочуваат дека документацијата што ја добиле не содржи информации за причините за суспензијата, за времетраењето, ниту за планираните чекори за надминување на проблемот. СДСМ оценува дека станува збор за навреда кон земјоделците и кон сите кои зависат од поддршката на ИПАРД. На прес-конференцијата на опозициската партија беше наведено дека испратениот одговор содржел само општи законски рамки и делови од регулативи, за кои велат дека „веќе се познати и не нудат одговор…
Синоќа, по повеќе од две години, Барселона повторно играше на својот “Камп Ноу“ и го победи Атлетик Билбао со 4:0. Сепак, сцената што се случи во десеттата минута е главна тема на социјалните мрежи. Иако “Камп Ноу“ е сè уште во фаза на реновирање, Барселона доби дозвола да ги игра своите натпревари на овој терен, што навивачите го поздравија со ентузијазам, а вчера дојдоа во голем број да го бодрат својот клуб. Секако, капацитетот сè уште не е полн поради тековните работи, но вчерашниот натпревар го следеа речиси 50.000 луѓе, што е навистина импресивно. Барселона не можеше да се врати…
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека предложениот мировен план од 28 точки за завршување на војната во Украина бил „изработен од САД“, по објавите дека документот бил претставен како руски „список на желби“, пишува Би-Би-Си. Ова следи откако група сенатори во САД соопштија дека Рубио им кажал оти нацртот кој, според еден сенатор, бил опишан како руски список на желби, не ја одразувал позицијата на Вашингтон. Подоцна Рубио се огради од тие тврдења и рече дека планот потекнува од САД и е „заснован на инсајдерски информации“ и од Русија и од Украина. Интервенцијата дојде додека Рубио патуваше кон Женева…
Во еден од најдобрите натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Њукасл го победи Манчестер Сити со 2:1 (0:0) во саботата навечер, и со тоа повторно ги турна играчите на Пеп Гвардиола подалеку од трката за шампионската титула со Арсенал. Во натпревар со врвно темпо и интензитет, видовме многу шанси и три гола во рок од седум минути во второто полувреме, уште еден во мрежата на Џанлуиџи Донарума. Харви Барнс им донесе водство на домаќините во 63-тата минута, потоа Рубен Дијас израмни во 68-мата, а Барнс повторно постигна гол со глава во 70-тата минута за сите три бода за Сити.Сепак, долго…
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува. Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца. Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“ Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување,…
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали. Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта. View this post on Instagram A post shared by Dior Beauty Official (@diorbeauty)
Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, денес се одржа традиционалната манифестација „Миладиновско слово“, организирана од Фондацијата „Браќа Миладиновци“. Настанот годинава беше посветен на јубилејните 215 години од раѓањето на Димитрија Миладинов и 195 години од раѓањето на Константин Миладинов.Свечената програма започна со поетско-музички рецитал за делото на Димитар Миладинов, кој беше изведен од Христијан Миладинов. По него следуваа рецитали на повеќе песни од Константин Миладинов, интерпретирани од млади рецитатори и учесници на конкурсот.Манифестацијата официјално ја отвори претседателот на Фондацијата „Браќа Миладиновци“, Ристе Миладинов, кој во својот говор истакна дека зачувувањето на делото на Миладиновци претставува силен столб…
Како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците, „Винска визија – Отворен Балкан“ е саем на вино, ракија, храна и туризам што се реализира во рамките на иницијативата Отворен Балкан – афирмирана регионална платформа за мир, економска соработка и поврзување.„Овој значаен регионален настан, единствен од ваков тип во Југоисточна Европа, претставува одлична можност за презентација, промоција и размена на производи, како и за дополнително зајакнување на економските врски меѓу земјите од регионот. Во изминатите три години, саемот се позиционира како центар на светски вкусови, знаења и деловни можности. Под слоганот ‘Единствено’, годинашното издание продолжува да го поврзува регионот со светот,…
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.Програма:Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист:…
