Автор: Редакција

„Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, предложивме стапката од 5% да остане и натаму. Исто така ние сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат во иднина “, истакна министерката во гостување на ТВ 24.Таа потенцира дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства…

Read More

Скопје е најголем загадувач на Вардар и токму затоа со завршување на изградбата на колекторот и станицата за третман на отпадни води, активност кофинансирана од ЕУ, значително ќе се придонесе кон тоа реката да биде почиста. Очекуваме итен ангажман од националните власти овој систем да се стави во функција со што ќе се намали загадувањето на водите. Ова денеска го истакна Штефан Худолин, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, на денешниот настан „Денови на Вардар 2025“. На настанот кој вклучува  дискусии, работилници и тренинзи, се зборуваше за заштита и одржливо управување со сливот на реката Вардар, кој…

Read More

На сцената на Националната опера и балет на 28 ноември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев.Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во Албанија, таа многу рано го започнува своето музичко образование, истакнувајќи се како исклучителен вокален талент со лирска прецизност и емоционална длабочина. Во текот на својата блескава кариера…

Read More

Уште еден импресивен настап прикажа маестралниот Словенец Лука Дончиќ.Лејкерсите ја победија Јута Џез со 108:106 на гостински терен, а апсолутен херој на триумфот беше словенечката суперѕвезда. Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки.Лука го изведе и најатрактивниот потег на вечерта. Тој пресретна додавање од искусниот Кевин Лав, изведе контранапад, а потоа му ја протна топката низ нозете на поранешниот шампион на НБА, а потоа беше причината за актрактивниот финиш.Коментаторот, кој го пренесуваше овој натпревар, не можеше да се свести по чудотворниот потег на Словенецот.

Read More

Во напад со руски беспилотни летала врз големиот украински град Харков загинаа четири лица, а 17 беа ранети, изјави градоначалникот Игор Терехов. „Во овој момент, познато е дека 17 лица се ранети. Четири лица загинаа“, рече Терехов, известувајќи за вечерниот напад во порака на Телеграм. Нападот се случил додека американски, украински и европски претставници беа во Женева за да разговараат за предлогот за прекин на речиси четиригодишната војна во Украина. Олег Синегубов, началник на регионалната воена администрација на Харков, го опиша нападот како масивен. Службите за итни случаи соопштија дека нападот со беспилотни летала врз два округа на Харков предизвикал…

Read More

Ако постои природна мешавина што заслужува да се нарече „течно злато“, тоа е комбинацијата од куркума и мед. Оваа древна комбинација, позната уште од ајурведските времиња, повторно стана вирална благодарение на видеата на TikTok и трендовите за велнес што го слават враќањето кон природните состојки. И не без причина, ова дуо крие моќен коктел за имунитет, кожа, расположение и енергија во тегла. Куркумата, златниот прав на Индија, ја содржи активната супстанца куркумин – природен антиинфламаторен лек кој делува како благ аналгетик, но и антиоксиданс кој го смирува воспалението, им помага на зглобовите и ги подмладува клетките. Кога се комбинира со…

Read More

Жозе Мурињо преку хумор ја откри причината за неговата седа коса, раскажувајќи посебна приказна од времето кога тренираше фудбалер во неговите поранешни клубови, Реал Мадрид и Челзи.„Го тренирав Ласана Диара во Реал Мадрид и Челзи. Целата оваа бела коса на мојата глава е поради Ласана и неговиот агент“, рече Мурињо, пред да продолжи:„Ако игра 90 минути и се снајде добро, неговиот агент доаѓа следниот ден и бара нов договор и поголема плата. Ако е на клупата и не игра, неговиот агент доаѓа во понеделник наутро и бара состанок бидејќи Ласана сака да си замине“, се пошегува Португалецот.Дијара одигра 96 натпревари…

Read More

По фијаското со серијата „All’s Fair“, во која таа ја игра главната улога, Ким Кардашијан продолжи со своите секојдневни активности и ноќен живот. Неодамна беше фотографирана во Лос Анџелес каде, според извештаите на странските медиуми, присуствувала на роденденската забава на нејзината пријателка и фотографка Петра Колинс. Kim Kardashian stepped out in LA for the birthday celebration of her friend and photographer, Petra Collins dressed in DILARA FINDIKOGLU FW25 and MANOLO BLAHNIK safety pins shoes.Styled by Dani Levi.📸: Backgrid pic.twitter.com/NRmxCb8io1 — StyleStars (@style_starss) November 22, 2025 За оваа посебна пригода, таа одлучи да облече бел фустан кој ја следи линијата на…

Read More

Кандидатот на српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи- СНСД за претседател на Република Српска, Синиша Каран, победи на предвремените претседателски избори. Според прелиминарните резултати од избирачките места, Каран освоил 200.116 гласови или 50,89 проценти, а Бранко Блануша од СДС 188.010 гласови или 47,81 процент, изјави Јован Калаба, претседател на ЦИК на Босна и Херцеговина. Калаба изјави дека ова се прелиминарни, неофицијални и нецелосни резултати со вкупно 2.008 редовни избирачки места. „Имавме 2.164 редовни избирачки места, а ова се резултатите од 2.008 или 92,79 проценти. Недостасуваат резултати од 156 избирачки места или 7,21 процент“, рече Калаба на прес-конференција, а официјалните…

Read More

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, претседател на Парламентот на Kралството Шведска.На самитот учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија.Потпретседателот на македонското Собрание, Антонијо Милошоски, вечерва на неговиот Фејсбук-профил има објава за средбите самитот во Стокхолм.„На приемот во Стокхолм имав можност за средба со г-ѓа Ана Брнабиќ, претседателка на српската Скупштина. Одлична прилика да размениме мислење за регионалната соработка, ЕУ интеграциите, војната во Украина, како и за актуелните енергетски теми во Србија. Заедно со колегата г-н Даниел Кривец, потпретседател на Државниот збор…

Read More