Автор: Редакција

За скоро 200 милиони евра се зголеми „трансферот“ од Буџетот во 2026 година за државниот Фонд за пензиско осигурување, достигнувајќи историски износ од над една милијарда евра. Сумата за редовна исплата на пензии следната година се зголеми поради порастот на пензиите и на бројот на пензионерите. Буџетските трансфери до Фондот за здравствено осигурување остануваат на иста позиција како што се годинава, „Порталб“ ги анализира „финансиите“ на двата државни фонда Буџетски расходи на државните ПИОМ и ФЗОМ Вкупно 1.138.000.000 евра од државната каса во следната 2026 година ќе бидат префрлени на сметка на двата државни фонда – ПИОМ и ФЗОМ. Сумата…

Read More

Пелистер утре го чека нов предизвик во Лигата на шампиони. Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола гостува Магдебург, дуелот се игра со почеток во 20:45 часот. Ракометарите на македонскиот првак добро знаат за силата на европскиот првак, ова ќе биде поинаков дуел од сите останати.Тешко е да се најде начин за да се изненади бундес-лигашот, но од таборот на Пелистер ветувааат дека ќе пружат најдоброто за себе и за своите фанови.„Сите знаат каква екипа е Магдебург колку време се заедно, добро се познаваат и имаат добар систем. Почитуваат што ќе се договорат во соблекувална и знаат тоа да го изнесат…

Read More

Парче кое веќе станува вистинска ѕвезда на зимскиот аутфит и влегува во фазата на гламур, и што е најважно – ја воздигнува секоја комбинација без напор, а исто така и без големи трошоци. Оваа модна сезона, секој детаљ е важен, а кожните ракавици изненадувачки се појавија во преден план, не само како заштита од студот, туку и како моден додаток што го дефинира целиот изглед. View this post on Instagram A post shared by Füsun Lindner (@fusunlindner) Од дневен изглед до вечерен гламур: кожните ракавици го воздигнуваат секој аутфит Модните експерти веќе споменаа дека ракавиците се главен детаљ на зимскиот…

Read More

Денеска од 13 часот на програмата се седум меча од 14.коло во ВМФЛ. Дуелот меѓу Тетекс и Кожуф е закажан за 3 декември. Секако дека се очекува најинтересно да биде во Новаци, каде истоимениот тим го пречекува лидерот на табелата, составот на Шкендија (А). Во случај гостите да слават, а Брегалница дома со Осогово да не победи, тогаш на коло до крајот Шкендија (А) ќе стане есенски првак. Исто така интересно би требало да биде крај Охридското езеро, каде Охрид се среќава со Детонит. Тоа е меч на две екипи со високи амбиции сезонава.Во продолжение можете да ги видите сите…

Read More

Метју Меконахи рекол дека благодарение на еротски сон, ја пронашол љубовта на својот живот, пишува „Us Weekly“. „Во моите средни триесетти години, ја барав љубовта на мојот живот, мојот најдобар пријател и мајката на моите деца. Барав повеќе, барав само една, ја барав неа, а потоа имав чуден сон“. Тој го видел своето постаро јас, вели тој, седејќи на стол за лулање на тремот од својот дом. Не бил сам, туку му правеле друштво 22 жени со кои има 88 деца, а имало дури и 22 возила. Меконахи нагласил дека во сонот не бил во брак со овие жени, туку…

Read More

Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски во 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50 издание на МОТ. Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто како во времето кога Брехт ја напишал.„Живееме во специфични времиња во кои времето се мери според војните и жртвите. Историјата не не научи да се промениме на подобро. Човештвото лесно заборава и повторно се враќаме на истите состојби. Играме слични игри, повторуваме исти трагедии. Светот…

Read More

Соединетите Американски Држави утрово официјално го означија венецуелскиот Картел де лос Солес како странска терористичка организација, воведувајќи дополнителни санкции поврзани со тероризмот врз групата за која велат дека ги вклучува претседателот Николас Мадуро и други високи функционери. Владата на Венецуела го отфрли она што го нарече смешен план на САД да ја означи непостоечката група. Државниот секретар Марко Рубио изјави овој месец дека САД ќе го означат Картел де лос Солес, или Картел на Сонцето, како странска терористичка организација поради наводната улога на мрежата во увозот на нелегални дроги во САД. Мадуро се соочува со ескалирачки притисок од зголемувањето на…

Read More

Македонскиот КИЦ во Белград, од 25 до 29 ноември, ќе биде организатор и домаќин на изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На оваа изложба, ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на слики на г-н Игор Станковиќ. Станува збор, за мали ремек-дела на големите мајстори на македонската ликовна уметност, за кои македонската стручна и ликовна јавност многу малку знае, бидејќи освен во Галеријата на САНУ во Белград, овие дела, во најголем дел, ретко…

Read More

Русија започна бран напади врз главниот град на Украина рано утрово, погодувајќи станбени згради и енергетска инфраструктура во Киев, според локалните власти и видео снимки. Шест лица се убиени, соопштија украинските власти. Висококатна станбена зграда е погодена во област на спротивниот брег на реката Днепар, изјави Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на главниот град. Тој рече дека четири лица загинале, а најмалку тројца се ранети во областа Свјатошински. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека висока зграда е евакуирана откако била погодена во областа Печерск во центарот на градот. Тој, исто така, пријави прекини во снабдувањето со електрична енергија…

Read More

Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди физичкиот напад врз 80-годишниот новинар и активист Владо Перев, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој во центарот на Скопје бил нападнат од непознат маж.Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, веднаш стапил во телефонски контакт со повредениот Перев и му ветил целосна поддршка.„Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно и совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на…

Read More